Тошковски: Премиерот во заминување го фаќа паника, пробува на секаков начин да избега од избори

Вечерва на емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, адвокатот и претседател на статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски истакна дека премиерот во заминување го фаќа паника, па по тоа ќе се обиде на секаков начин да ги одложи изборите.

-Не му е лесно на премиерот во заминување, тој е уште девет дена премиер и сигурен сум дена веќе никогаш нема да биде премиер, човекот пробува да избега од избори денеска и си призна со некакви си изговори за донесување на реформските закони, вели Тошковски.

Што правеше до сега три години владата ако не носеше реформски закони ? – праша Тошковски.

Во однос на напаѓањата кон ВМРО-ДПМНЕ тој истакна дека ако за нешто била пофалена Македонија од меѓународната заедница, тоа е заради фактот дека оваа опозиција е најконструктивната опозиција до сега од постоење на Република Македонија.

-Факт е ние дадовме поддршка на сите закони, на сите реформи коишто како такви требаше да бидат внесени во законската регулатива, и истото е констатирано и во Извештајот на Европската комисија, вели Тошковски.

Во однос на изјавата на Зоран Заев денеска, тој вели дека премиерот ќе се обиде на секаков начин да ги одложи изборите, но тоа нема да го постигне затоа што ова е договор со сите партии во Македонија и Заев нема каде да избега.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.