Манаскова: Прв критериум за вработување е да се биде член на СДСМ, потоа остануваат сите други критериуми кои треба да се исполнат

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова на денешната собраниска седница рече дека сите кадровски решенија што досега се разгледувале во законодавниот дом може да се заклучи дека еден и единствен критериум за каков било избор што се дискутиралo е кандидатот да биде член на СДСМ, па понатаму остануваат другите критериуми кои треба да се исполнат.

-Претходно слушав дека од моментот откако СДСМ ќе дојде на власт ќе извршите комплетна департизација односно деполитизација и уште не знам какви се ви беа ветувањата за сите институции во јавниот сектор. Ако вие ја пласиравте оваа информација во јавноста дека владата подржува таканаречена департизација на јавниот сектор и институциите не само што го говоревте тоа, ако сте заборавиле да се потсетите затоа што во вашата предизборна програма тоа го имате напишано како ветувања. За тоа колку сте отидени поинаку од она што го ветувавте е токму дејствувањето на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и оди во сосема спротивна насока од тоа што се ветуваше, истакна пратеничката Манаскова.

Таа во своето обраќање спомна и дека некој од пратениците од СДСМ спомнале дека им требало многу труд и енергија за да се направат одредени промени и после толку труд и енергија и посветеност како што се испофалиле, кој е резултатот и што го нудат тоа.

– Како предлог за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап од информации од јавен карактер Пламенка Бојчева. На прво место никој не ги спори кфалификациите на луѓето кои што поднеле CV. Меѓутоа да говорите за депотилизација и департизацијата и за прв човек на ова институција да предлагате човек кој е многу долги години на политички позиции и е исклучиво високите раководни структури на СДСМ. Тука е проблемот, потенцираше Манаскова.

Таа додаде дека СДСМ кога беше во опозиција ветуваше едно, а друго прават кога се на власт.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.