Шилегов го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за пренамена на средствата за Мерлин во хумани цели

Соопштение до јавноста

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и Коалицијата „За Обнова на Македонија“ на денешната седница на Советот на Град Скопје предложи точка на дневен ред за пренамена на средствата наменети за ангажирањето на Дино Мерлин за новогодишната ноќ, и истите да се донираат за хумани цели.

Шилегов и мнозинството советници на СДСМ гласаше против средствата да се доделат за хумани цели.

Во продолжение ви го испраќаме интегрално изјавата од советничката на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ.

Предлагаме да се дадат во хуманитарни цели односно да се донираат средствата определени за настапот за новогодишната вечер на Плоштадот „Македонија“. Во 2017 година кога градоначалникот беше именуван за градоначалник на градот Скопје ја предложи истата точка на дневен ред и колегите од позиција и колегите од опозиција сметавме дека навистина парите предвидени за новогодишна прослава треба да одат во хуманитарни цели.

Сметаме дека и оваа година средствата кои што се обезбедени од околу 100.000 евра од спонзори и треба да одат на конто на Дино Мерлин треба да завршат во хуманитарни цели односно да бидат донирани.

На овој начин ние како советници ќе докажеме дека сумата која што е издвоена за новогодишната прослава односно 260.000 евра за новогодишно украсување е веќе реализирано, меѓутоа сумата од плус 100.000 евра треба да заврши токму на оние на кои што најмногу им е потребна.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...