Одговор на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Власта најави дека ќе има дебата надвор од Собранието за изборниот модел, Вие предложивте голем број на амандмани, дали би учествувале на ваква дебата, надвор од Собранието?

Одговор: Тоа што го прави власта по кој знае кој пат е, прво да не можат да се договорат внатре во владината коалиција, второ да ги прекршуваат и натаму законите. Не може вие да носите закон по скратена постапка и истовремено да барате јавна дебата. Едното со другото не оди. Тоа не е затоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажува тоа, тоа е така затоа што законот и Деловникот на Собранието така го пропишува. Доколку има скратена постапка нема јавна дебата. Не знам колку пати предупредивме, не знам колку пати кажавме дека овакво носење на закони на еден шверцерски и криминален начин не ја води државата никаде. Нашиот став е јасен за изборниот законик и не гледам потреба воопшто да продолжуваме да коментираме, односно да ги на некој начин храбриме во ова што го прават. Значи шверцерски и криминален начин продолжуваат да го прават ова. Ниту еднаш не се донесени измени на Изборен законик, или нов Изборен законик без консензус, без да седнат сите најголеми политички чинители. И уште еднаш ќе повторам, ова е само алиби, ова е само  обид за дефокус на јавноста од реалните проблеми и уште еден обид за манипулација, посебно со помалите политички партии.

Прашање: Претседателот Мицкоски утрово кажа дека доколку освоите 80 пратеници ќе пристапите кон менување на Преспанскиот договор и враќање на уставното име. Дали е тоа официјален партиски став и како го коментирате ставот на СДСМ дека со овој чекор сте против НАТО и ЕУ?

Одговор: Во два сегменти ќе го поделам одговорот. Прво, тоа не го кажал само претседателот Мицкоски, туку тоа сме го кажале сите ние кои излегуваме и зборуваме во јавноста, дали е тоа прес конференција, интервју или било како и секако е тоа став на партијата. Да не очекувате дека се што ќе каже претседателот Мицкоски не е став на ВМРО-ДПМНЕ. За тоа сме дискутирале, сме завзеле став уште поодамна и нормално дека нема да бегаме од тој став бидејќи не сме ние како ВМРО-ДПМНЕ познати во јавноста како партија со дневно менување на ставовите. Во однос на второто прашање, навистина не знам до кога ќе одиме вака со дефокус на јавноста и каква врска има едното со другото. Па ние сме првата политичка партија во Македонија, првата политичка партија во самостојна, независна и суверена Република Македонија која што оваа определба за НАТО и за ЕУ интеграциите ги имаме ставено и како програмска определба и како дел од нашиот статут. Мислам дека е веќе време за престанување со дефокус на јавноста. ВМРО-ДПМНЕ да ве потсетам дека учествуваше во сите реформски и системски закони кои помогнаа на Република Македонија и на граѓаните во Република Македонија за што побрзо да можеме да пристапиме кон НАТО, за што побрзо да ги почнеме преговорите со ЕУ. Она што го имаме во моментов е една криминално рекетарска влада. Една крајно неспособна влада, најнеспособна сигурно во историјата на државата, која што освен со замајување на јавноста, манипулации и дефокус не се занимава со ништо друго.

Прашање: Колкава е вредноста на оваа зделка?

Одговор: Па како што ви кажав, имаме сериозни индиции дека зделката може да достигне вредност и повеќе од 300.000 евра.

 

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...