Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го почитува законот, Изборниот законик и Уставот, а тоа подразбира 100 дена техничка влада пред избори

За радио „Македонски корени“ од Сиднеј интервју имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ се темели врз принципи и аргументи. А, тоа значи почитување на закон, Изборен закон, Устав и затоа пред избори требаше да има 100 дена техничка влада.

-Доколку водите политика на принципи и аргументи тогаш морате да ја водите така, а не можеме ние сега да водиме политика на декларативно на принципи и аргументи, а кога нас ни одговара тогаш да ги кршиме ние. Некогаш ќе добивате на таков начин, а некогаш и ќе губите. Доколку ние велиме наш принцип за почитување на законите и со тоа нема компромис, тогаш нема дилема дека ние мора да имаме техничка влада 100 дена пред избори, заклучи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Заев на тие разговори кај претседателот Пендаровски кажал дека нуди опција да бидат на крајот на декември месец изборите и дека нема тогаш да се оди со техничка влада. На тоа тој како претседател на ВМРО-ДПМНЕ рекол дека не може да се оди крајот на декември месец со избори доколку веднаш не се оди со техничка влада.

-100 дена од тоа веднаш тогаш може избори да има. И тоа се паѓање крајот на јануари почеток на февруари месец, а тоа не одговараше на останатите политички субјекти и затоа решението беше за 12-ти април следната година. 3-ти јануари е денот кога треба да се формира техничката влада. Така што мора да се остане во животот на принципите, ако сакате да покажете дека сте различен од другите политичари кои што ги злоупотребуваат принципите. И во насока на тоа да добиваат или да губат поддршка од страна на гласачите. Ние имаме јасна политика, политика која што се темели на принципи и аргументи односно почитување на законите и Уставот. И со тоа нема компромис. Така што ние само го почитуваме законот, Изборниот законик и Уставот, а тоа подразбира 100 дена пред денот на гласање односно избори техничка влада, односно 60 дена максимум распуштање на парламентот согласно Уставот пред денот на гласање кое што ќе биде 12-ти април 2020 година, истакна Мицкоски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...