Македонија три години тоне во смог, а власта предводена од Заев не мрда со прст

Соопштение до јавноста

Граѓаните се гушат и се молат да заврне дожд за да се намалат канцерогените честички во воздухот. Инспекторатот не постои, а дури и да се изврши некаде контролa, резултатите се кријат и нема санкции за бизнисмените блиски до Заев.

СДСМ откако е на власт граѓаните заборавија како изгледа да се дише чист воздух.

Македонија три години тоне во смог, а власта предводена од Заев не мрда со прст.

Ветуваа алпски воздух пред да дојдат на власт. Кога дојдоа на власт Македонија се претвори во огромен логор.

Скопје се гуши, а ситуацијата и по другите градови не е нешто подобра. Граѓаните од Битола, Струмица, Тетово, Куманово, Кичево, Кавадарци го имаат истиот проблем.

Загаденоста на воздухот го достигнува алармантното ниво, а Заев и неговата неспособна влада велат се е во главите на граѓаните.

На ова негрижа доаѓа крај. На 12-ти април граѓаните ќе го казнат СДСМ за сите лаги, криминали. По 12-ти април доаѓа обнова на Република Македонија заедно со идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....