Јанушев:Со измените на Законот за концесии и јавно-приватно партнерство се прави невиден преседан и се носи против уставен закон

По не знам кој пат, криминално-рекетарската банда на власт предводена од Заев на еден “шверцерски” начин, на “мала врата” се обидува да ги полни сопствените џебови!

Со последните измени на Законот за концесии и јавно-приватно партнерство се прави невиден преседан и се носи (повторно) против уставен закон.

Имено, со дополнувањата на Законот се дава можност Владата, како концедент (давател на концесијата), по претходно направена (сопствена) анализа, доколу оцени дека за дел од предметот на договорот за концесија нема повеќе економска оправданост, по претходна обезбедена согласност од концесионерот, да склучи анекс на договорот за промена на намената на дел од средствата кои биле потребни за негово спроведување!?!

Или, вака народски кажано, ќе спроведат постапки “колку да се рече”, ќе “набилдаат критеририуми” за да добие тој што тие сакаат, а после ќе си го менуваат предметот на концесијата/јавно-приватно партнерство како што сакаат!!!

За да биде небулозата поголема, истово ќе важи и за сите склучени договори во минатото и (внимавајте) ќе важи само 1 година! Таман за да можат да си “завршат” работа!

Ќе потсетам и на измената на Законот за јавни набавки со кој набавките во 4 очи стана важечки принцип по кој работат Заевци.

Само забораваат дека 12 април ќе дојде за многу брзо и ќе одговараат!

П.С. – очекувам реакција од Уставен суд.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...