Данев: СДСМ го одбива предлогот да дискутира за енормното загадување

Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ сакаме да предложиме информација за енормното загадување на амбиенталниот воздух во Република Македонија и тоа како втора точка на денешната седница, првата нека биде како што е усогласено, а тоа е Предлог декларација за политичко учество на граѓаните со попреченост, вели Драган Данев пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Данев додаде дека актуелната влада на СДСМ како и функционерите од власта ветувале чист воздух веднаш откако ќе дојдат на власт, но три години поминале а не наравиле ништо за обезбедување на чист воздух. Тој побара да се тргнат политичките дресови и да го прифатат предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи ова е прашање кое што ги засега сите граѓани на Република Македонија. Јас ве замолувам почитувани колеги од владејачкото мнозинство излезете во пресрет и поддржете ја нашата идеја како опозиција, затоа што ако некој има најголема политичка корист од ова сте токму вие.

-Вие шетавте со маски против загадувањето во Градот Скопје, вие ги манипулиравте граѓаните на Република Македонија дека ако ВМРО-ДПМНЕ не е утре на власт, тогаш одма задутре во Скопје и другите градови на Република Македонија ќе дишат чист воздух. Ве замолувам да ги соблечеме партиските дресови затоа што ова не е прашање од политички карактер, ниту пак е прашање од партиски карактер, ова е прашање од егзистиционално ниво на сите граѓани на Република Македонија,вели пратеникот.

Здравјето на граѓаните е во прашање, здравјето на нашите деца е во прашање, посочи Данев. Пратеникот Данев нагласи дека е потребно да се донесат соодветни и реални заклучоци кои што ќе го решат проблемот за загадениот воздух, потенцирајќи дека владата и пратеничкото мнозинство пред техничката влада штанцаат над 200 закони а немаат слух за суштинските проблеми на граѓаните. Ве замолувам да донесеме соодветни заклучоци, реални заклучоци бидејќи три години поминаа а граѓаните не веруваат дека вие сте тие што ќе почнат да го решаваат загадувањето во Градот Скопје и во другите градови на Република Македонија.

-180 милиони евра имате земено овие три години во функција на подобрување на животната средина, со манипулација на прочистување на загадениот воздух во градовите на нашата држава. Од тие 180 милиони евра потрошивте само 10проценти, 18 милиони каде се другите пари почитувани колеги?- праша Данев. 200 закони да се носат на 10 дена пред минување на мандатот на една политичка влада и доаѓање на техничка влада, мислам дека е крајно непочитување на интелигенцијата на граѓаните – рече Данев.

Од страна на пратеничкото мнозинство на СДСМ не беше изгласана оваа предлог информација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...