Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара енормното загадување на амбиентниот воздух во Македонија да се стави на дневен ред утре на пленарната седница

Интегрален текст од изјава за медиуми на Драган Данев

Почитувани,

Поради алармантната ситуација во која се наоѓа Република Македонија во однос на загадувањето на амбиентниот воздух во градовите на Република Македонија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како и што најави поднесе информација за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија. И бараме од господинот Талат Џафери истата информација да ја стави на дневен ред на утрешната седница.

И поради алармантноста на ситуацијата во однос на загадувањето на воздухот истата да биде разгледана и по неа дискутирано во текот на утрешната седница. Оваа точка бараме да се стави како прва точка на дневен ред на утрешната пленарна седница.

Ова господинот Талат Џафери е обврзан според Деловникот на Собранието на Република Македонија. И тоа членот 69 став 3 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.

За ваша информација и за информација на граѓаните на Република Македонија ставот 3 од членот 69 гласи дека – „Претседателот на Собранието е должен на секоја втора редовна седница да внесе една точка по предлогот на дневниот ред за седницата на Собранието по предлог на пратениците од опозицијата која ги исполнува условите утврдени со овој Деловник“.

Оваа информација ги исполнува сите услови и ние уште еднаш го повикуваме господинот Талат Џафери во оваа седница да ја предложи како прва точка на дневниот ред на утрешната седница. Досега имаме неколку иницијативи поднесено, ниту една од овие иницијативи не е ставена како прва точка на една од седниците пленарни на Собранието. Верувам дека поради алармантноста на ситуацијата оваа точка ќе биде ставена како прва точка на утрешната пленарна седница на Собранието на Република Македонија.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.