Мицкоски: За почист воздух ќе потрошиме 1 милијарда евра насочени кон енергетска ефикасност, гасовод и заштита на животната средина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше интервју за „Радио слободна Европа“ каде што посочи дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира својата влада, ќе се залага за проекти кои ќе помогнат за намалување на загадениот воздух, а ќе ги содржат трите столба, енергетска ефикасност, интензивна гасификација и за заштита на животната средина.

Три години потоа не само што нема подобрување на ситуацијата туку имаме влошување. Еве јас сега ќе ја искористам оваа прилика во Вашата емисија и ексклузивно да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ откако ќе ја формира новата Влада на Македонија ќе инвестира во проекти за енергетска ефикасност, интензивна гасификација односно користење на енергенс кој што е еколошки припазлив за затоплување на домовите и за заштита на животната средина за околу една милијарда евра, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека не може да вети дека веднаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт и веднаш Македонија ќе има алпски воздух. Но може да вети дека драматично ќе се намали загадувањето со помош на успешна имплементација на проекти за три области и тоа се енергетската ефикасност, интензивната гасификација во домовите и индустријата, и третата област е заштита на животната средина. Тоа се трите основни столба кои што нас ни се неопходни.

И проекти кои што ќе бидат инвестирани од страната на Владата, а кои што ќе ги содржат овие три столба. За да имаме барем јас очекувам да имаме барем до половина подобри услови за живот, за дишење за нашите граѓани. Не можам да ветам дека 100% ние ќе имаме воздух како што Осло, Хелсинки итн. Но, да ако продолжиме со таа динамика како што ќе ја водиме во тие четири години, јас ви гарантирам дека потоа Скопје, Македонија ќе бидат за пример на Балканот, нагласи Мицкоски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...