Манојлоски: Власта да им одговори на здравствените работници и на сите жители на Македонија до кај сте со реализација програмата „План за живот„?

На денешната собраниска седница за финансирање на буџет пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојловски ја запраша пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска и побара да одговори што е со вакцините со поминат рок, до кај е истрагата за тоа и дека јавноста се уште не е запознаена.

-За инсулините кажавте дека е зголемен буџетот, но на јавноста не и одговоривте  што стана со тој инсулин што е уништен кој што се уште имаше важност, инсулин за кој што знаеме дека  максималната важност на употребливост на еден инсулин е 30 месеци. Овој што е уништен беше со рок до 7 месец до 2020, што значи дека е набавен во ваше време. Зошто за ова нема епилог и зошто јавноста не е известена соодветно на ова?, праша пратеникот Манојловски.

Имено тој во своето обраќање потсети и на тоа дека е кажано дека оваа влада има определено средства за реконструкција  на болницата во Струмица и доопремување на болницата во Кичево.

– Да работевте на болница од Струмица одамна ќе беше завршена, додека болницата во Кичево  треба само да се набави медицинскиот мебел којшто е потребен за да профункционира? Но, како и за се друго така и за ова велите „ќе“.  Така и ова свесно го чекавте  да дојде предизборна година за да се зголеми буџетот и платите, од аспект на платите за здравствените работници треба да ве потсетам да си го прочитате одново „Планот за живот“ од 133 до 140 страна  што се ветивте од аспект за здравството  и точка по точка да им одговорите на здравствените работници и на сите жители на Македонија до кај сте со реализација на таа програма, потенцираше Манојлоски.

Прареникот во своето обраќање рече дека коректно е СДСМ да кажат дека мерката со која пензионерите кои земаат помалку од 14.000 денари пензија се ослободени од партиципација е мерка која е ставена на сила уште во 2015 година.

-Во вашата програма ветувате бесплатно болничко лекување  за сите, до кај сте со исполнување на тоа ветување?, додаде Манојлоски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...