Николоски: Високото ниво на корупција е единствена причина зошто немаме и нема да имаме датум за преговори со оваа влада

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за блокадата на Франција за почеток на преговорите со ЕУ, велејќи дека основна причина зошто нема почеток на преговори е високото ниво на корупција.

„Нема ни една друга причина. Тоа што сме го зборувале само ни го потврдија. Лани во јуни немало датум заради високото ниво на корупција, и било кажано на Владата дека нема да има датум заради таа работа“, рече Николоски.

Запрашан зошто Макрон не го кажува тоа, Николоски вели дека се работи за поголемо ниво на пристојност и култура од страна на земјите-членки и дека тоа се обидуваат да и го кажат на владата и да остават време за да се случи битката со корупцијата.

Николоски вели дека стратешка грешка на Владата е ставањето на Македонија во иста група со Албанија.

„Има одредени држави коишто стратешки го гледаат регионот и велат – има корупција, но наш стратешки интерес е овој процес да тече, и имате држави како Франција, како Белгија, како Холандија, коишто велат – не, таму има висока корупција и нема реформи и ние треба да го запреме ова сега, затоа што нејќат да им се случи втора Бугарија и втора Романија“, рече Николоски.

Тој вели дека и претходно укажувал дека нема да има датум за преговори и дека за жал неговите укажувања се покажале како точни.

„Основна причина зошто Македонија нема датум и веројатно нема ни да добие датум во догледно време, додека е оваа влада на власт е високото ниво на корупција. Се избориме ли со корупцијата, барем да покажеме иницијално силни сигнали, ако во период од пет-шест месеци тоа се прави, ќе видите како ќе се променат работите“, рече Николоски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...
<