Ѓорчев: Дали и кој од врвот на власта му јавил на Боки 13 за истрагата ?

Интегрален текст од прес конференција за медиуми – Владимир Ѓорчев, Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Оваа прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на скандалот и случајот „Рекет“ поврзан со милиони и милиони евра изнуда, случај којшто ја интересира македонската јавност и случај кој има огромен број на неодговорени прашања.

Овие неколку прашања кои треба да ги одговори Зоран Заев, министерите на Заев, и прашања коишто треба да ги одговорат најблиските соработници на Зоран Заев.

Вчера во дел од македонската јавност видовме информации за сведочењето на Зоран Милески – Кичеец. Прашањето е дали навистина тие зборови се зборови коишто ги кажал Зоран Милески – Кичеец? За овие зборови чекаме потврда дека тоа е од судењето на Кичеец.

Прашањето е дали е ова веродостојно сведочење и дали се ова зборовите на Зоран Милески? Па по тоа дали и кој од врвот на власта на Зоран Заев му доставил податоци на Бојан Јовановски во врска со истрагата на МВР, дека тој е всушност осомничено лице?

Кој му доставил информации на Бојан Јовановски дека има истрага против него?

Ако е навистина така, тогаш се наметнуваат и други прашања, дали и колку пати Зоран Заев се среќавал со Бојан Јовановски и Зоран Милевски?

Дали, кога и колку пати еден куп министри се среќавале со Бојан Јовановски ?

Ова се важни прашања кои што се наметнуваат, прашања за кои македонската јавност со право чека одговори?

Ако ова е веродостоен извадок од сведочењето на Зоран Милески, тогаш Зоран Заев и неговите министри треба да одговорат на сите овие прашања.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...