Манаскова: СДСМ ги користи социјалните групи за прикривање на неспособноста за вложување во капитални проекти

На денешната собраниска седница во Собранието на Република Македонија, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Магдалена Манаскова посочи дека очигледно опозицијата и власта немаат исто гледиште во однос на терминот човечки капитал. Инвестирањето во социјалните групи кои постојат во Република Македонија, не значи дека се инвестира во човечки капитал, истакна Манаскова.

“Инвестирањето непосредно пред предвремените парламентарни избори во социјалните групи, според мене не е инвестирање во човечки капитал, туку предизборно додворување онаму каде што во моментот СДСМ смета дека може да влијае. Таквиот однос е некоректен према социјалните загрозени групи, како и кон сите граѓаните на кои им се сервира терминот инвестирање во човечки капитал”, вели Манаскова.

Администрацијата во институциите под раководство на СДСМ немаат капацитет да изработат и да осмислат вложувања во поголеми капитални проекти, па затоа е ова хаотично распределување на средствата, само за да се избегне од суштинските проблеми и потреби на граѓаните. СДСМ ќе треба да одговори на многу прашања пред граѓаните за кои сум сигурна дека немаат одговор, заврши Манаскова.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.