Додека Ѓорче Петров се гуши, со дозвола на Александар Наумоски се полни депонијата која ја загадува целата општина

Интегрален текст изјава за медиуми на Марија Андоновска

Драги сограѓани,

Ѓорче Петров се гуши. Ги рушиме сите рекорди на загаденост, а ја добивме и најголемата дива депонија во Скопје. Градоначалникот Наумовски наместо да ја расчисти, директно помага во создавањето и ширењето на депонијата.

Граѓаните на Ѓорче Петров подолго време апелираат и молат да се преземат мерки за расчистување на депонијата. Веќе се одржаа два протести, а сепак Наумоски остана глув на нивните барања. На 7-ми декември Александар Наумоски во обид да се извади за својата неспособност, издаде соопштение во кое директно ги обвини граѓаните дека тие се главни виновници за настанувањето на таа депонија.

Денес пред јавноста ќе презентираме видео доказ кој ќе биде доставен до медиумите во кој се гледа товарно возило марка Мерцедес како влегува на депонијата и таму го фрла отпадот. Возилото е со регистарски таблички СК 430 СХ, во сопственост на Општина Ѓорче Петров.

Нема ништо од споменатиот чувар, ниту од наведените санкции. Рампата се крева, а отпадот нелегално се фрла.

Лицемерниот Наумоски се обиде да ја изманипулира и обвини јавноста, а во оваа видео снимка директно се гледа дека по негова насока и дозвола се полни оваа депонија поради која е загадена цела општина Ѓорче Петров. Нема поголем апсурд и лицемерие од тоа да дадеш слободен ден на администрацијата да го чисти ѓубрето, а останатите 364 дена ти да ја трупаш депонијата која претставува канцер на нашата Општина.

Оваа видео снимка е директен доказ дека Александар Наумоски лажеше.

Се прашуваме, дали овој човек кој неколкупати е фатен во своите лаги ќе има малку доблест и ќе си поднесе оставка?

Има ли вистина во тврдењата дека одредени компании блиски до власта, плаќаат “под рака” за да можат да го одлагаат отпадот во депонијата во Ново Село?

Наместо да им се заканува на граѓаните со санкции, треба добро да размисли за своите постапки, бидејќи тој ќе биде санкциониран за сите лаги и криминали што го има сторено, веднаш откако ќе завладее правдата во Република Македонија.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...