Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Молкот на Шилегов за донирање на 100-те илјади евра кажува дека стојат лукративни интереси

Соопштение до јавноста од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје  бара од градоначалникот Петре Шилегов огромната сума од 100 илјади евра наменети за новогодишната прослава, да бидат пренаменети и донирани во хуманитарни цели.

Во ситуација кога владее сиромаштија и илјадници граѓани молат за донации, недозволиво е главниот град да се расфрла со скапи и луксузни прослави за новогодишната ноќ.  Скандалозно е што Шилегов молчи за една ваква хумана идеја.

Воедно го повикуваме Шилегов да ги објави бизнисмените кои донираат 100 илјади евра само за една ноќ. Должност е на Шилегов да биде транспарентен и отчетен пред граѓаните бидејќи тие имаат право да ја знаат вистината за оваа огромна сума на пари.

Кога веќе Шилегов имал моќ да убеди бизнисмени да донираат 100 илјади евра за еден ден, зошто тоа не го сторил претходно за подобрување на градот и за помагање на граѓаните на Скопје?

Јавноста треба да знае како прославата која требаше да биде бесплатна одеднаш стигна до сума од 100 илјади евра, но и на што се потрошени 300 илјади евра за китење на градот и дали тоа не можеше да се стори со помалку пари.

Исто така Шилегов треба да каже колку пари ќе го чинат градот изведувачите кои настапуваат  на Винтерленд и дали заедно со 400 илјади од новогодишната ноќ и китењето на градот, вкупната сума ќе чини повеќе од половина милион евра.

Молкот на Шилегов за донирање на 10-0те илјади евра кажува дека стојат лукративни интереси.

Како Советничка група го повикуваме Шилегов доколку сака да предизвика насмевки кај граѓаните да им помогне на тие на кои навистина овие пари им се потребни. Шилегов сомнежите ќе ги расветли единствено доколку донесеме заедничка одлука за донирање на средствата од 100 илјади евра за хуманитарни цели.

 

  Со почит,
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.