Мицевски до СДСМ: Срамота е на 4 милијарди евра буџет, а само 10% за капитални расходи

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денес од собраниска говорница посочи дека е срамота за буџет од 4 милијарди евра само да се одвојат 10% за капитални расходи.

Овие задолжувања и овие студентски стандарди, и наводнувања беа дискутирани на вчерашната седница на која што дел од пратениците можеа да присуствуваат и да зборуваат, но не беа тука. Така да кога ќе лоцираме одговорност кај некого, посебно кај опозицијата која што е најмалку одговорна за собирањето на кворумот во собраниската сала. Посебно на закони со кои што се задолжува Република Македонија за 293 милиони евра во пет закони, појасни Мицевски.

Мицевски додаде дека во делот на капиталните расходи имаме само 400 милиони евра, односно помалку од 400 милиони евра. Поради ова Владата треба убаво да размисли што прави во поглед на капиталните расходи.

На 4 милијарди евра буџет, а само 10% за капитални расходи и некој да ја обвинува опозицијата која што цело време опоменува во текот на вчерашниот ден. И да ја повикува власта ВМРО-ДПМНЕ е најмалку коректно. Второ доколку навистина сте загрижени за работата на Собранието добро би било почесто да бидете тука и да дискутирате барем во оној дел за кој што граѓаните ве гласаа, им порача Мицевски на пратениците од мнозинството.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.