Јанушев: Три години СДСМ е апсолутна власт, јавноста е сведок само криминал, корупција и скандали, аболицирани политичари не смее да се бават со политика

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во гостувањето во емисијата Само Вистина на Канал 5 ги повтори ставовите на партија во однос на потребните мерки кои треба да се спроведат за во Македонија да се реши горчливиот проблем со криминалот и корупцијата.

Тој потенцираше дека е потребна проверка на имотот на буквално сите оние кои што се занимваат со политика во државата и забрана за било кој политичар кој што бил помилуван и аболиран да се бави со политика. Јанушев посочи дека досега владее молк кај СДСМ за овој предлог на опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ денес го критикуваше претседателот на државата, Стево Пендаровски поради како што велат неговиот неуспех да се носи со функцијата која мора да биде надпартиска. Во однос на говорот на претседателот Јанушев истакна дека тој ги повторувал празните флоскули по кои се познати Заев и СДСМ и забележа дека Заев три години е апсолутна власт во Република Македонија и за три години јавноста беше сведок само на криминал, корупција и скандали.

-Претседателот Пендаровски при онаа лидерска средба која што ја имавме, на која што всушност и ги договоривме изборите, да не кажам превзема одредени обврски пред се од она што произлезе од договорот со Бугарија и некои одредени работи кои што се однесуваа на ратификацијата на влезот во НАТО, меѓутоа гледаме дека се уште не постапува по однос на тоа. И некако осовено што она на почетокот го кажавте во однос на владеењето на правото, некако како само да се повторуваат празните флоскули слушаме од страна на власта, особено од Заев и останатите од СДСМ. Еве три години се апсолутна власт во Република Македонија имаа доволно шанси да покажат дека навистина го мислат тоа. Меѓутоа се што успеавме да видиме во изминатиов период се единствено криминал, корупција на сите страни, скандали кои што ги надминуваат сите кои што сме ги имале во минатото Рекет 1, Рекет 2, Вирус, Кеш, вели Јанушев.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...