Интегрален текст од новинарски прашања и одговори – Илија Димовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Интегрален текст од новинарски прашања и одговори – Илија Димовски, пратеник на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Новинарски прашања и одговори:

Што е национално помирување бидејќи го слушавме и од Иванов и од Заев и од Пендаровски?

-Ќе мора нив да ги прашате, сигурно национално помирување не е квалификации и дисквалификации користејќи речник на партиски портпарол, тоа не е национално помирување. Национално помирување би подразбирало кога за клучни теми во нашата држава кои се од значење на граѓаните, а не политичарите сите политички субјекти почнувајќи од господинот Пендаровски, преку Парламентот, преку Владата, политичките партии коишто се, на некој начин, конституенци на политичкиот живот во Република Македонија, ќе успеваат да најдат консензулани решенија бар на теми коишто ги тангираат граѓаните, како нефункционалноста на образованието, коешто на сите светски истражувања во последниве две години паѓа, како нефункционалноста и корумпираноста на здравството коешто според сите меѓународни стандарди во последниве две години падна за 18 места, како заштита на животната средина, за којашто наместо да се изгради национална стратегија и да се превземат проактивни мерки, ова парламентарно мнозинство дозволува во Собранието да поминат популистички и корумпривни активности, тоа би значело национално помирување, кога ќе успееме сите, а најмногу првиот да сфати дека оваа држава е држава на сите нејзини граѓани, а не само на членовите на СДСМ.

Како мислите дека може да се постигне национално помирување, а да не е блокада?

-Вие добро знаете дека десетици и десетици закони во овој мандатен состав во Собранието на Република Македонија кои што беа поврзани со евроинтеграциските процеси, што и беа спомнати од господинот Пендаровски во неговото обраќање, поминаа со сесрдна помош, поддршка и гласови од опозицијата. Ова владино мнозинство нема двотретински мнозинство, но ние како контруктивна опозиција, која што одговара адекватно кога се во прашање евроатлантските интеграции на државата, учествувавме, и во законите од Антикорупциската сфера, и во носење на законите за реформа во безбедносната сфера, и во многу закони кои што беа поврзани со функционирањето на судовите, судскиот совет итн…

Ние подадовме рака, на крај на краиштата и нашето присуство денес, па ако сакате и нашиот коректен однос додека траеше обраќањето на господинот Пендаровски значеше подадена рака. Не би сакал премногу да ве потсетувам како изгледаше  Собранието на Република Македонија и како се однесуваа пратениците на СДСМ кога до минатата година обраќање имаше претседателот Ѓорге Иванов. Но, говорот на господинот Пендаровски освен етикети и етикетирање на своите политички конкуренти, не понуди никаков концепт за изградба на било какво разбирање помеѓу политичките партии. Тоа не е проблем за ВМРО-ДПМНЕ, тоа е проблем за граѓаните затоа што на таков начин тие не успеваат да видат дека нашата држава ја водат сериозни луѓе коишто имаат капацитет да се надминат себеси. Тоа е главната точка и главната причина за проблемот. Нас ниту ни треба, ниту очекуваме поддршка или разбирање од господинот Пендаровски, како политичка партија, како пратеници, како опозиција, ние знаеме што треба да направиме за добро на граѓаните. Но, граѓаните треба да знаат дека без разлика кој е на власт во кој момент утре ќе се доведеме до ситуација на потреба од кохабитација со господинот Пендаровски. Овој приод кој што го имаше денеска на седницата не дава воопшто позитивна надеж во тој правец.

Затоа моето обраќање не сакам да биде сфатено само како критика кон говорот господинот Пендаровски, туку и како апел до него најкоректно онака како што и присуствувавме, онака како и што се однесуваме спрема него за прв пат во овие 30 години, спрема било кој претседател во државата, да разбере дека повеќе не е носител на листа на СДСМ, дека не треба да го носи дресот на СДСМ, дека не треба да ги релативизира проблемите во правосудството, дека не треба да кандидира членови на клучните орани во државата по препорака на СДСМ, дека не треба да ги релативизира проблемите со животната средина, туку треба да каже иако ветиле три години не превземале никакви активности, за да сфатиме до каде се дојдени проблемите, за да го сфатиме она што граѓаните секојдневно ни го кажуваат дека не чувствуваат дека државата функционира.

 

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...