Денеска пратениците од власта наместо да кажат зошто доцнат субвенциите од претходните години, излегоа да се фалат за поврат на ДДВ

Интегрален текст од изјава за медиуми на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Лицемерието и безидејноста на СДСМ го достигна врвот. Денеска пратениците од власта наместо да кажат зошто доцнат субвенциите од претходните години, излегоа да се фалат дека министерството за финансии ќе изврши поврат на ДДВ на земјоделците, регистрирани за таа дејност.

Власта се фали дека ќе изврши законска обврска. Да не беше жално ќе беше смешно.

Повратот на ДДВ е обврска на власта, а не нејзина добра волја, за истото да го продаваат како успех.

Наместо лажна загриженост за земјоделците власта требаше во изминативе три години да го обезбеди сигурниот откуп на земјоделските производи и високите откупни цени кои што ги ветуваа во предизборието 2016-та година.

Наместо квазипроекти земјоделците очекуваат исплата на средствата за оштета од природни непогоди  во повеќе региони кои што им беа ветувани.

Земјоделците се уште ги чекаат парите од дополнителните мерка за продаден килограм земјоделски производи за повеќе земјоделски култури.

Земјоделците чекаат, а власта си поигрува со земјоделците. Наместо реализација на тоа што треба да го направат тие се фалат со работи кои што им се законска обврска.

Почитувани,

Времето на популизмот полека завршува. СДСМ имаа три години да направат нешто за земјоделците.

По 12 април следува вистинска грижа за земјоделците и вистински мерки и проекти кои што ќе им помогнат и трудот ќе им биде вистински вреднуван.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.