Јанушев: Законите кои ги носат СДСМ пред избори се на штета на Македонија и ќе не задолжат за 300 милиони евра

Во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ генералниот секретар, Игор Јанушев зборуваше за законските решенија кои СДСМ ги предлага во Собранието на Република Македонија при што кажа дека СДСМ на еден шверцерски начин сака да ги протне овие закони се со цел партиски кадри на СДСМ да имаат лична корист од нив.

-Со дел од овие закони државата се задолжува за над 300 милиони евра, така се оптоварува буџетот, се оптоваруваат граѓаните на Република Македонија. Во сите овие законски решенија сакаат да ги протнат на шверцерски начин пред формирање на техничката влада и влегување на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ во истата. Така СДСМ создава еден вид на клима за лични користи, истакна Јанушев.

Имено тој во своето гостување додаде дека законите во Собранието се носат по скратена постапка од страна на власта се со цел да можат тие закони да ги искористат во своја полза.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.