Илиоски до СДСМ: Носите пред избори мерка за класичен поткуп на гласачи, која што ја оправдувате со борба со аерозагадувањето

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски на денешната собраниска седница посочи дека џабе е критикувањето, џабе е радувањето дека СДСМ не го бидува кога проблем од тоа имаат сите граѓани на Република Македонија.

Носите пред избори мерка за класичен поткуп на гласачи, која што ја оправдувате со борба со аерозагадувањето. Прво издвојувавте пари од ЕЛЕМ околу 10 милиони евра, па после се попишманивте. Како што кажа колегата Велјановски, бидејќи не сте способни, не можете да реализирате ниту еден капитален проект. И парите ви остануваат во буџетот, а од друга страна кренавте даноци, кренавте акцизи, собравте арач од народот и сега како да ги потрошите, па ви текна едно решение по принципот на она што го направивте минатата година со делење на 50 милиони евра на единиците на локална самоуправа, кои што тие понатаму во 4 очи си ги делеа со фирмите на кои што им должат, нагласи Илиоски.

Илиоски додаде дека и овие 10-те милиони евра СДСМ ќе ги дели со своите гласачи, кои што нормално за нив ќе гласаат.

Ветувањето кога ќе си одите од врата на врата ќе ви биде проектот за инвертер клими е во тек, а имаме евиденција кој како ќе гласа, така да имајте на ум. Тоа ќе ви биде муабетот пред Битолчани, пред Тетовчани, Кичевчани и Скопјани, истакна Илиоски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.