Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу врши злоупотреба на службена положба и обвластување

Ресурсите на безбедносните служби наместо за безбедноста на граѓаните и државата се користат како рент-а-кар услуги само за да се купи наклонетоста на институциите кои треба да бидат нивен коректив.

Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу наместо да ги користи средствата на агенцијата во заштита на државата дава возила на користење на други институции. Еролд Муслиу, како директор на Агенцијата за разузнавање класично ја злоупотребува својата положба и овластување и и дал на користење возило на агенцијата на Даница Чадиева,, претседател на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Ова е еклатантен пример на судир на интереси, како еден функционер со користење на своите овластувања раздава државни средства кои му се доверени, за да оствари влијание врз оној кој треба да му изврши ревизија на управната постапка, односно да одлучи по жалбите од вработените во Агенцијата.

Ова не се НАТО стандарди !

Додека Муслиу раздава возила сопственост на Агенцијата, од касата за специјални издатоци платил илјадници евра за рент-а-кар за свои службени патувања и вршење на должност на други припадници на Агенцијата за разузнавање во земјава и странство.

Тука не застануваат злоупотребите на Муслиу. Тој во месец декември 2019, го вработил братот на државниот правобранител Фехми Стафа, за свој личен телохранител.  Од извори во Агенцијата кружат информации и дека претседателот на дисциплинската комисија во Агенцијата за разузнавање и шефот на правната служба се парично наградени бидејќи нивните одлуки генерирале работни спорови против вработените во Агенцијата.

Ја потсетуваме јавноста дека ова е втор случај со елементи за корупција и судир на интереси за Еролд Муслиу, по претходно објавениот за неспоивост на дејноста на Муслиу и Шутаров со фамилијарната НВО која и по неговото именување продолжува да добива проекти од странски донатори и парични средства од општините Центар и Чаир раководени од СДСМ и ДУИ.

Со нетрпение од месец јули 2019 година го очекуваме извештајот на Антикорупциската комисија за случајот Муслиу и фамилијарната НВО.

Заради постоење на елементи утврдени во член 54 и член 62 од Законот за спречување на корупција и дури на интереси, ја повикуваме Антикорупциската комисија да преземе мерки од својата надлежност и утврди ризик од корупција и судир на интереси меѓу Еролд Муслиу, директор на Агенција за разузнавање, со Даница Чадиева претседател на државната комисија за одлучување во управна постапка како и помеѓу Еролд Муслиу со Фехми Стафа Државен правобранител.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...