Одговори на новинарски прашања – прес конференција на Христијан Мицкоски

Одговори на новинарски прашања од прес конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Прашање: Господине Мицкоски премиерот Заев вели дека по промената на владата може да дојде до престанок на случаите на СЈО ваш коментар околку ова прашање?

 Одговор: Видете тоа е уште еден дел од оние лицемерни политики на Зоран Заев од една страна позади завесата охрабрува преку негови засилувачи во рамките на Уставниот суд амнестија а од друга страна јавно зборува за ова кое што вие го кажувате, има начин како тоа да се обезбеди и како тие случаи нормално да го доживеат својот успешен епилог, успешен тоа значи дали ќе има осудителна или ослободителна пресуда тоа е еден фер транспарентен судски процес кој што треба да се почека и да видиме како ќе завршат, но единствен ќе ве потсетам, кој што во оваа држава  обезбедуваше и договараше амнестија е токму Зоран Заев кога се обидуваше, се сеќавате  во рамките на парламентот да протурка иницијатива за измени на законикот, за измена на кривичниот законик посебно на членот 353 и став 3 и став 5 па потоа јавноста се побуни па потоа владата ретерираше дека всушност никогаш не доставила таков документ итн. Од една страна едно зборува во јавноста кога ќе излезе пред медиумите а од друга страна е добар домаќин на лица кои што се опфатени со тие предмети и друго договара со нив на маса. Тоа го знаеме тоа јасно ни е но тоа е реалноста на која што ние се навикнавме да живееме таа стварност ќе ја поразиме во април 2020 и тогаш јавноста ќе види што е вистинска борба против криминалот и корупцијата и тогаш јавноста  ќе биде сведок што значи нулта толеранција со криминалот и нулта толеранција со корупцијата. Инаку ние нема никогаш да си дозволиме ќе повторам едно да зборуваме во јавноста а друго да зборуваме во кабинетите со луѓето кои што се опфатени од таков тип на случаи како што тоа го прави Зоран Заев.

Прашање: Господине Мицкоски, го спомнавте вашите стратешки советници. Изминативе денови еден од нив беше вмешан во еден инцидент. Станува збор за Томислав Димитриовски, поранешен амбасадор во Љубљана, кој нели извадил, репетирал пушка, бил во некаков инцидент со насилство. Како ќе го прокоментирате ова, и дали ќе понесе некаква одговорност?

Одговор: Да, точно. Не бев јас тука кога се случи тој настан. Разговарав со Томи, го следев случувањето во медиумите. Инаку, да потсетам и да ве корегирам, Томислав не е мој стратешки соработник, тој е дел од кабинетот, од луѓето во мојот кабинет и одговорен е за релации со земјите од Балканот. Слушнав за настанот, разговарав и со него и она кое што можам да го кажам е дека, на следната седница на Извршниот Комитет ќе предложам негово разрешување, бидејќи таков тип на однесување, веќе во неколку наврати кажав, е недозволено по било која цена. Правдата не треба ние да ја земаме во свои раце. Има органи во државата кои што треба таа правда, нормално, да ја реализираат. И, доколку некој се чувствува нападна, навреден комотно може да се јави и да побара заштита од Министерството за внатрешни работи. Така што, и покрај тоа што станува за човек кој што го познавам од детството, човек кој што навистина има квалитети, и човечки но и дипломатски, но, ова кое што се случило е без никакво оправдување и веќе на следната седница на Извршниот Комитет, ќе побарам од Извршниот Комитет негово разрешување од таму каде што се наоѓа во моментов.

Прашање: Моето прашање е во врска со негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија, односно бугарските академици. Дали сметате дека македонската страна реагира добро на ваквата провокација, имајќи го во предвид оној коментар на премиерот Заев, дека пријателски и отворено ќе разговарал со господинот Борисов, и нема да споменувал кој прв почнал. Дали сметате дека сме малку благи во однос на ваквите провокации, барем протестна нота нели би требало да испратиме, според вас?

Одговор:  Јас навистина повеќе не можам да го коментирам однесувањето на Зоран Заев, но тој сеуште е премиер, па би требало да го коментирам. Овие егзибиции се недостојни за било каков коментар. Во животот мора да имате граница за што можете да разговарате, за што не можете да разговарате. Ќе ве потсетам, пред онаа егзибиција со Преспанскиот договор, ние во личната карта, и во Обединетите нации јасно стоеше јазикот и националноста, после остана само јазикот да стои, сето останато за жал од тие егзибиции и капитулантски чекори коишто тој ги направи исчезнаа. Не убедуваа тука дека тоа е делото коешто ќе обезбедил стабилност, бетон, нели се сеќавате сето тоа било загарантирано. Потоа во јавноста излезе и оној допис којшто го прати оној министер за надворешни работи каде што помалку примитивно, недостојно се правда на неговиот колега кај нашиот јужен сосед. Тоа не е дипломатија и тоа не се добрососедски односи, мора во животот да се знае до каде е границата, да се знаат принципите за што може да се разговара и што не може да биде на маса за разговори. Македонскиот јазик е една од неколкуте работи коишто не треба воопшто да се разговараат и преговараат. Јас не знам како се образувал, на кој јазик се образувал тој човек, каде го стекнал тоа образование, каков мајчин јазик зборува итн. Така што верувајте ми доколку не ја обавува оваа позиција којашто ја обавува во овој момент како претседател на владата, недостојно е да се коментираат неговите изјави во последно време, но бидејќи ме прашавте, а тој е сеуште е таму каде што е уште неколку недели, ќе мораме да ги коментираме неговите гафови на дневна основа. Мојот став е дека има работи за коишто треба да се преговара, треба човек да биде флексибилен, но има работи коишто се недостоинствени за преговори, едно од неколкуте работи е токму и ова. Кодифицираноста на македонскиот јазик, неговата посебност, македонското писмо е нешто за кое не треба да се преговара, ниту пак да се разговара, ниту пак на памет не ми паѓа некогаш во животот да разговарам за таков тип на атрибути.

Прашање:  Имам две прашања.  Првото прашање е ваш коментар за Изборниот законик и второто прашање, Вашите очекувања во техничката влада, кои министерски места би ги добиле?

Одговор: За техничката влада немаме очекувања, имам закон. Тоа што е по закон, тоа треба да го добиеме нели технички министер за внатрешни работи, за труд и социјала, како и заменици во земјоделие, финансии, администрација и општество.

Инаку околу Изборниот законик доколку Зоран Заев сакаш тоа што го кажува јавно да го имплементира имаше доволно време овие три години да го имплементира. Сега се обидува да магнетизира околу  себе помали политички субјекти кои што лажно ги убедува и некако тие истите несвесно или би рекол можеби дел од нив и свесно му слугуваат на Зоран Заев. Каква е вистината? А вистина вчера ја кажа и потпретседателот Николоски. Пред да заминеме на онаа постеа во главниот град на Франција, Париз практично заврши последната до денеска рунда на преговори каде што беше договорено  заедничко соопштение, текст, само две работи не беа јасни. Но, ние заземавме став на барање на преговарачкиот тим на СДСМ, еве вие договорете се во партија, како ќе се договорите било кое од тие две работи ние ќе ја прифатиме. За да потоа ни се јават и ни кажат дека сепак тоа што ние сме го договориле, не сме го договориле, они не можеле  да го прифатат бидејќи тоа било премалку политички за нив. А што беше договорено? Беше договорено бидејќи сега нема време и согласно ОБСЕ и согласно ОДИХР , месеци сме пред парламентарни избори да се случат, пред неколку недели сме пред техничката влада, договоривме да веднаш по завршувањето на овие предвремени парламентарни избори  да се седне и да се преговара за измена на Изборниот модел и како втора точка да се разговара и да се отворат преговори за примена на преференциалниот модел кој што патем речено никој не го пробал, еве функционира во Косово и гледате дека еден месец ги броеја гласовите, каде што имаше три пати повеќе неважечки ливчиња. Но, велиме ајде еве да го видиме преференциалниот модел како би функционирал на следните локални избори од аспект на советничките листи. Е сега, имаше два заклучока, и им рековме еве изберете, консултирајте се вие во партија, како ќе каже Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, бидејќи друг преговара., и кажете ми тој заклучок ќе биде. Потоа, ни се јавија и ни рекоа а ова е премалку за нас, се откажуваме. Заеднички го договоривме, заеднички се сложивме, еве ајде да видиме.  Но, тоа не е прв пат, така беше и за законот за јавно обвинителство, така е и сега, немаат стратегија, конфузни се, збунети се внатре, она што навистина можам да го кажам е разочарување. И потоа го гледам кажува зошто сме поднеле толку амандмани. Па кој менува Изборен закон на три месеци пред избори. Кажете ми еднаш во која нормална демократска земја во која што претендира да биде земја членка на ЕУ се случуваат такви работи. Ние немаме друга демократска алатка освен „филибастеринг“, која ни е другата опција.

Седнавме, еве преговаравме во институции, надвор од институции, договоривме и на крај се повлекоа. Која друга демократска алатка нас ни стои на располагање освен да примениме “филибастеринг“.

Не е изговор дека ако имаме ние една изборна единица, повеќе ќе имаме партии во рамките на Парламентот. Па, видете колку партии има, еве во Словенија, и споредете со  Македонија и видете колку партии има во една Естонија, далеку помалку од Македонија, имав неодамна состанок со нивната амбасадорка, нерезидентна, која што е резидентна во Чешка. По седум до девет партии. Ние имаме 23, 24 партии. Погледнете во Британија што се случи. Шест партии влегоа во Парламентот. Во Германија имате девет партии, 715 пратеника. Не можеме со таков неискрен наратив, не проаѓа тоа. Тоа можеби помина во определена мерка, и покрај тоа што беше поразен во 2016-тата. Други се времињата. Дојде време да се збогуваме со транзиционите, лажливи политичари. Треба  да го разберат тоа, не проаѓа. И покрај оние скапи кампањи, истурени спотови, кои што потем речено, до вчера ги критикуваа. А, од утре ќе имаме и анализа, да бидете сведоци колку трошат. Наши, ваши пари, народни пари. Или пак да ги прашаме, од каде им се тие пари? Ако не се ваши, ако не се наши, да ги прашаме од каде им се тие пари. Еве, треба да ни кажат, од каде им се тие пари, за тие скапи кампањи? Нели, се боревме против тие кампањи? Неискрени се луѓето. Тоа е вистината. Договоривме, завршивме со програма, се повлекоа и потоа ги гледаме на медиуми кажуваат сосема нешто различно. Дури и вчера пред, еве и ова работа ќе ви ја откријам, дури и вчера пред прес конференцијата, потпретседателот Николоски, се консултиравме да им најави дека ќе имаме прес конференција на оваа тема. Нема зошто да лажеме. Се беше договорено. Се повлекоа како и за се што се повлекуваат во минатото.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.