Ефтимов од Богданци: Власта нема слух за проблемите на граѓаните од овој регион

Соопштение до јавноста

Караванот на „Обнова на Македонија“ денеска во посета на општина Богданци.  Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов, како и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев и Ѓоко Камчев разговараа со граѓаните низ општината за проблемите со коишто се соочуваат во овој регион.

Планот за живот како и во другите општини каде што владее Социјалдемократскиот сојуз, така и во овој регион е нереализиран и останаа да висат предизборните лаги на Заев за се она што требаше да биде исполнето за граѓаните од Богданци.

Имено ветената пречестителната станица во с.Селемлија којашто беше најавувана во програмата на СДСМ не е реализирана, ниту пак има трага од почетна изградба на истата.

Власта прави пропаганда дека се грижи за граѓаните, но сеуште нема ништо од најавуваниот колектор за одведување на отпадни води за Богданци и Стојаково кое власта вети дека ќе го реализира.

Граѓаните исто така прашуваат до каде е најавуваната реконструкција на регионалниот пат  Богданци-Гевгелија којшто исто така беше ветен од страна на владата. Се жалат од општината дека не превзема мерки за санирање на основното училиште и веќе две ипол години многу малку е сторено од се она што им се ветуваше од планот за живот.

Пипците на криминалната власт допираат секаде низ Македонија, па и во Богданци, се поголема е разочараноста на луѓето, владее криминалот и рекетот, локалната власт и владата се однесуваат недомаќински и на штета на граѓаните.

Трендот на масовно иселување на граѓаните од овој регион сеуште е во нагорна линија, загрижувачки се бројките на граѓани коишто сакаат да ја напуштат Македонија затоа што не гледаат перспектива за живеење.

Обидот на Заев да избега од избори нема да му успее затоа што граѓаните се свесни за неодговорноста на власта, неисполнетите ветувања и животот што им го испорача СДСМ го чувствуваат на своја кожа секојдневно.

Ако Заев се грижи за правната држава, треба да се согласи да се донесат законските измени и ниеден аболициран политичар повеќе не се занимава со политика, затоа што граѓаните се изморени од потрошените криминални политичари, да прифати да биде кандидат –мандатар и да вети пред граѓаните дека ако уште еднаш изгуби ќе си замине од политиката.

Граѓаните заслужуваат чесни и отчетни политичари. Заев бега од воведување на закон за потекло на имот, затоа што се грижи само за сопствените интереси и интересите на фамилијата. Но Заев нема да избега од судот на граѓаните, обновата ќе го стигне на 12-ти април.

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...