Костадинов нека го праша Зоран Заев до каде е пресудата за случајот Монструм и зошто дозволи еден од убијците да избега

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

Костадин Костадинов наместо да држи празни прес конференции, нека го праша Зоран Заев до каде е пресудата за случајот Монструм и зошто дозволи еден од убијците да избега?

Костадин Костадинов треба да одржи една прес конференција пред МВР и да го праша Оливер Спасовски до каде е истрагата за убиецот на Мартин Јанушев, до каде е истрагата за напаѓачите од Рузвелтова, зошто ниту едно убиство не е разрешено!?

Што се однесува до случајот со Томислав Димитровски, тоа е приватна случка, која МВР треба да ја истражи и да постапи согласно закон.

Граѓаните очекуваат и истраги и процесуирање на криминалите на оваа власт, но тоа СДСМ не може да го спроведе, тоа ќе го спроведе новата влада на ВМРО-ДПМНЕ  по 12-ти  април. Кога секој што се огрешил кон законите  ќе одговара за стореното.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
Најгоре