Зоран Заев ја злоупотребува администрацијата

Интегрален текст од изјава на Невенка Стаменковска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Власта не работи ништо. Наместо институциите задолжени за чистење на сметот да го исчистат ѓубрето по улиците, Зоран Заев ја ангажира целата администрација да ги чисти улиците и парковите низ градовите.

Комуналните претпријатија при општините и градот Скопје имаат обврска и должност да се грижат за хигиената на општините и градовите и истата секојдневно да ја одржуваат. Но очигледно власта не си ја врши работата.

Зоран Заев ја злоупотребува администрацијата. Власта не работи ништо.

Градовите низ државата треба да бидат секојдневно чисти, бидејќи тоа е обврска на комуналните претпријатија, а не тие да се чистат акциски.

Користењето на јавната администрација за чистење и одржување на хигиена е чиста злоупотреба од страна на Зоран Заев.

Администрацијата треба да работи она за што е платена со парите на граѓаните и тоа да го прави стручно и професионално, а не да извршува работи кои власта не успеала да ги изменаџира, а се дел од секојдневното работење на комуналните претпријатија.

Завршува времето на злоупотреби. По 12 април секој одговорно ќе ја врши својата работа.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.