Арсовски: Законот за јазиците е тотално нефункционален и неприменлив

Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, Венецијанската комисија во своето мислење посочила дека Законот за употребата на јазиците е неприменлив особено во делот на судството. Донесен на шверцерски начин без јавна дебата. Венецијанската комисија потврди дека законот е неуставен и донесен надвор од законските процедури, вели Арсовски во „Патот кон“, на Алсат.

-Не е проблемот дали ВМРО-ДПМНЕ се вмешало во носењето на Законот за употреба на јазиците. Требаше да се слуша експертската јавност. Законот беше усвоен без мислење на Венецијанската комисија и еве сега се враќа како бумеранг, која констатира дека треба години и многу ресурси да се имплементира особено во правосудството. Сметаме дека не може на сметка на другите етникуми во земјава да се носи закон во корист на еден етникум. Облигаторно е да се послуша мислењето на Венецијанската Комисија. ВМРО-ДПМНЕ испрати забелешки до Комисијата. Со новата методологија за проширување на ЕУ која во моментов се изработува, од јануари ќе се следат сите мислења на комисите, вели Арсовски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.