Задолжувањата на власта наместо да се користат за продуктивни проекти за граѓаните, се користат за богатење на свитата околу Заев

Интегрален текст од изјава за медиуми на Владимир Нелоски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денеска караванот за Обнова на Македонија продолжува, тука сме во Росоман, заедно со членот на Извршниот комитет Цветан Трипуновски, потсекретарот за овој општински комитет Слободан Ивановски и дополнително сите членови на општинскиот комитет од Росоман, но и жителите на Росоман. Тука сме да си слушнеме проблемите на сите граѓани, но и да видиме одредени решенија за нивните проблеми, она што ги тишти најмногу граѓаните  од овој регион се разбира дека е земјоделието, но и сите останати проблеми коишто инаку можеби во 2016 година им биле ветени на граѓаните сега се уште се неисполнети. Дојдовме да ги увериме дека сето она што ќе биде ветено во програмата на ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април ќе биде реализирано, нема да биде само зборови на хартија туку се што ќе се обврземе како ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април кога ќе ја направиме владата тоа ќе биде и реализирано.

Она што морам да го истакнам  е дека овие денови секој граѓанин тука во Росоман, но и во цела Македонија е дополнително задолжен за 150 евра бидејќи владата на Зоран Заев иако има реализација на капиталните инвестиции само 40 проценти, има ново задолжување од 300 милиони евра. Слабата реализација на капиталните инвестиции значи дека тие пари ќе се искористат непродуктивно, односно наместо да се изградат патишта, булевари, канализација за граѓаните, ќе бидат употребени најверојатно да се збогати свитата околу Зоран Заев.

Како ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжиме меѓу граѓаните да ги слушнеме нивните потреби, но се разбира и да бидеме во дослух со нив бидејќи само така ќе можеме после 12-ти април да го направиме животот за сите граѓани на Македонија подобар и да го вратиме достоинството не само на земјоделците, туку и на пензионерите, и на младите луѓе да се врати желбата за живеење тука во Македонија и да има се помалку разговори за да се напушти државата, туку да се остане тука да се формира семејство. Ќе продолжиме и понатаму да бидеме помеѓу граѓаните и токму и затоа поддршката за ВМРО-ДПМНЕ продолжува да расте во однос на СДСМ и ќе продолжи да расте до 12-ти април каде што ќе имаме една огромна победа и конечно ќе се стави крај на заевизмот во Република Македонија и на транзициските политичари.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....