СДСМ уште еднаш покажа дека не го интересира да се подобри статусот на пазарџиите

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Во текот на вчерашниот ден бевме сведоци на уште еден циркус приреден од страна на Владата. Овој пат тоа беше повлекувањето на Законот за трговија на зелени пазари.

Штетноста на овој закон веќе две години ги држи на нозе незадоволните пазарџии, а Владата секоја година си игра со егзистенцијата и чувствата на пазарџиите.

Законот за трговија на зелени пазари беше донесен од страна на парламентарното мнозинство во јануари 2018 година по скратена постапка и требаше да се применува од почетокот на 2019 година.

Во недостаток на консултации со засегнатите страни односно пазарџиите но и со пензионерите, истиот наиде на негодувања и протести со што примената на законот беше одложена за до почетокот на 2020 година. Ваквото решение беше исклучиво за умилкување од страна на СДСМ за смирување на пазарџиите кои протестираа во пресрет на најавените претседателски избори.

Во меѓувреме на 8 ноември оваа година Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог закон за престанување на важност на законот за трговија на зелени пазари и овој закон денес се наоѓа на дневен ред на 123-тата седница на Собранието на Република Македонија.

Овој закон го поднесовме бидејќи сакаме најискрено да им помогнеме на пазарџиите односно да се укине законот, а не да се манипулира со оваа група на граѓани во зависност од тоа дали е предизборен период или не, како што тоа го прави Владата предводена од СДСМ и ДУИ.

СДСМ со Законот за трговија на зелени пазари сакаше да им забрани на пензионерите, стечајците и други категории на граѓани да не можат повеќе да продаваат на зелените пазари во Република Македонија.

По повторните реакции на пазарџиите и организаторите на пазари за неприменливоста на вака поставено законско решение и под притисок на најавениот генерален штрајк на пазарџиите, СДСМ свесни дека се наоѓаат во предизборен период најавуваат престанок на важност на законот посочувајќи ги причините кои што ВМРО-ДПМНЕ ги говореше уште кога се носеше овој штетен закон.

На овој начин СДСМ уште еднаш покажа дека ниту ги интересира да се подобри статусот на пазарџиите, ниту сакаат да им помогнат, туку единствено што ги интересира е како да не претрпат штети на предвремените парламентарни избори.

Ги повикуваме пратениците од парламентарното мнпозинство да го подржат Предлог законот поднесен од страна на ВМРО-ДПМНЕ за престанок на важност на законот за трговија на зелени пазари кој што денес е на дневен ред, а не да чекаат ист ваков закон да биде пратен од страна на Владата со што ќе докажат дека се борат за интересите на пазарџиите, а не за спроведување на партиските агенди на СДСМ и ДУИ.

Исто така, свесни дека навистина владее хаос во оваа област, бараме да се спроведат длабински анализи, консултации со засегнатите страна и да се направи едно квалитетно и издржливо законско решение кое што нема да има штетни последици по пазарџиите туку решение  кое што ќе стави ред и стандарди кои што и доликуваат на една земја која што се стреми да биде дел од европското семејство.

Искрено, не веруваме дека СДСМ има капацитет да направи еден ваков квалитетен закон, но среќни сме што оваа сага и циркус кој што ги приредува Владата на СДСМ нема да трае уште долго и дека после 12 април времето на штетни закони ќе заврши.

 

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....