Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со членовите на Францускиот Сенат Марта Де Сидрак и Арно Базин

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Д-р. Игор Николов во Париз остварија средба со членовите на Францускиот Сенат Марта Де Сидрак и Арно Базин кој е и претседател на групата за Француско Македонско пријателство.

На средбата се разговараше за актуелни теми и прашања поврзани со стратешките интереси на Република Македонија, како и за потребите за реформи и јакнење на заедничкото пријателство.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја афирмираше заложбата за напредок на планот на евроинтеграциите, како и ставањето на државата на брза патека што ќе подразбра итни реформи кој ќе ја извадат Македонија од слепата улица по која ја донесе актуелната Влада.

Мицкоски ја потенцираше цврстата определба за бескромпомисна борба против криминалот, и нултата толеранција за корупција. Воедно нагласи дека потребни се чекори кој ќе доведат до економски напредок и подобрување на стандардот на граѓаните. За жал денес имаме состојба во која главна пречка за правдата е премиерот на државата, истакна Мицкоски, додавајќи дека потребно е олсободувње на правосудниот систем од политичките стеги и владеење со правото.

Обновата за која се залага ВМРО-ДПМНЕ се однесува на промени кон подобро во сите сфери и области, спроведување на политика базирана принципи и вредности, истакна на средбата Мицкоски.

Воедно Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека се залага стратешко партнерство со Република Франција и продлабочување на заедничката економска и политичка соработка.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...