Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски во тридневна посета на Париз

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на извршниот комитет Д-р. Игор Николов се во тридневна посета на Париз, Република Франција.

Во текот на посетата ќе оствари билатерални средби со повеќе претставници од Францускиот Сенат, Францускиот Парламент и претставници на Француското МНР.

На средбите ќе стане збор за Европските перспективи на земјава, надминување на сериозните слабости во борбата против корупцијата, и владеењето со правото како и развивање на продлабочена соработка помеѓу Република Македонија и Република Франција.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.