Добро е што Заев се одважи да признае дека инвестицијата Кранфилд фаундри во Пробиштип ја донесе ВМРО-ДПМНЕ

Интегрален текст од изјава за медиуми на Емил Димитриев – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

На огромно задоволство на сите жители од Општина Пробиштип денеска сме сведоци на започнување со работа на новата фабрика Кранфилд фаундри. Оваа инвестиција во Република Македонија дојде уште во 2014 година, првиот договор за нејзино инвестирање во нашата држава и во Пробиштип беше со договор со претходната влада во 2015 година.

За да ги охрабриме да ја лоцираат инвестицијата во Пробиштип, претходната влада донесе одлука да изградиме индустриска зона со целокупна инфраструктура, преку владата ја задолживме државната компанија МЕПСО да обезбеди електрична енергија бидејќи типот на инвестицијата бараше огромна количина на електрична енергија.

Преку програмата за рурален развој одобривме средства на општината за водовод и канализација, и на еден начин тоа беше мотивот да помогне оваа инвестиција да се лоцира во Пробиштип во источниот дел на Република Македонија, бидејќи во ситуации кога имате изградено индустриски зони во многу поатрактивни локации беше потешко да се донесе инвеститор во овие наши краишта.

Инвестицијата е околу 20 милиони евра, морам да кажам дека првичните планови беа со навистина поразлични тајминзи. Ако одеше проектот се како што треба и ја имаше потребната поддршка од владата онака како што треба денеска ние требаше да бидеме сведоци на отпочнување со работа на втората линија од оваа фабрика.

Првата линија требаше да почне со работа некаде 2018 година и да ги оптимизира оние првично планирани околу 250 вработувања и некаде овој период да биде во средина градбата на втората линија со оптимизирање на над 300 директни вработувања и околу стотина индиректни вработувања.

Во 2016 година кога го ставаме камен темелникот, во тој момент имавме средба и со други потенцијални инвеститори кои што беа заинтересирани да инвестираат во оваа зона, меѓутоа за мое жалење и на жалење на граѓаните од тие инвестиции нема ништо. Мислам дека лошата атмосфера во државата, лошиот начин на комуникација со потенцијалните инвеститори ги одвраќа.

Оваа зона има капацитет и за други компании и мислам дека овој крај има соодветна работна сила за ваков тип на капацитети бидејќи во Пробиштип и регионот има одлични средни училишта со машински и електро смер. Овој крај подолго време работи во областа на металургијата и сметам дека тоа се некои предности на крајот за ги привлече овие инвеститори.

Меѓутоа како и да е добро е што денеска претседателот на владата се надмина и призна дека сепак оваа инвестиција е започната од претходната влада, дека некој се потрудил да дојде оваа инвестиција и мислам дека ова мое задоволство го делеа веќе вработените 60 луѓе и потенцијалните нови вработувања и начин на осигурување на перспективата во овој крај.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....