Aко Филипче утврдил сомнителен инсулин, зошто тогаш нема постапка за одговорност, фатени се живи како прават малверзации со валиден инсулин  

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Аферата со валидниот инсулин повлекува кривична одговорност за министерот за здравство и владата на Зоран Заев.

Оттука го повикуваме министерот Венко Филипче јавно да одговори на конкретни три прашања:

  • Прво, кога точно е увезен инсулинот кој е уништен а чиј што краен рок на употреба е до 6-ти месец следната година? Дали министерот знае дека нема инсулин со рок на употреба подолг од 20 месеци и ако е така тогаш инсулинот е донесен во време на оваа власт.
  • Второ, министерот Венко Филипче да одговори која институција проценила дека се работи за сомнителен инсулин, и поради кои објективни причини оценила така. Нека покаже документ, како што ние го покажуваме овој документ од министерството на кое се гледа дека рокот на траење на дел од инсулинот е до 6-ти месец следната година?
  • Трето и многу важно, ако министерството оценило дека има сомнителен инсулин, тогаш зошто нема постапка врз тој кој довел до таа состојба или се се завршува со гола реторика после која треба да следи втор вносен тендер за набавка на нов инсулин. Фатени се живи како прават малверзации со валиден инсулин.

Бараме точни одговори од министерот за здравство.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....