Русковска обвинителството диригирано од аболицираниот Зоран Заев прави театар од случајот „Рекет“

Соопштение до јавноста

Русковска обвинителството диригирано од аболицираниот Зоран Заев прави театар од случајот Рекет единствено за да ги покрие трагите кои водат до врвот на власта.

Секојдневно на површина излегуваат информации кои потврдуваат дека Русковска наместо да води детална истрага,  се што работела било развлекување на случајот.

Уште на почеток на судењето се дозна дека Катица Јанева не земала 50.000 евра како што стои во обвинението, туку 350.000 евра. Русковска не ја интересираше ниту што имало на снимките од домот на обвинетиот Боки 13 кои може да доведат до одговорот каде завршила торбата Луј Витон, полна со евра.

Се дозна и дека владин министер присуствувал на средби помеѓу Боки 13 и жртвата, информација која обвинителството ја криеше од јавноста.

Јавноста треба да знае за што разговарале Венко Филипче, жртвата и Боки 13 во истиот период кога се случувал рекетот.

Зошто Русковска ја затвори истрагата без да побара одговори на клучните прашања?

Каде завршила Луј Витон торбата со 1,5 милиони евра, по која патека се движела и кај кои лица завршиле  тие пари?

Кои други бизнисмени биле рекетирани од криминално рекетарската банда и колку пари од нив биле изнудени?

Дали со парите од Рекет била финансирана кампањата на Стево Пендаровски и СДСМ за претседателските избори?

Што толку големо поседува жртвата за Зоран Заев што е доволно за го сруши?

Зошто покрај сите индиции и информации , обвинението остана само на Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески Кичеец?

Целата македонска јавност знае и слушна дека Зоран Заев знае се. Никој не верува дека обвинетите рекетирале без да имаат поддршка од врвот на власта.

Катица, Боки и Милески се само пипците, а на сите им е јасно дека главата на тој октопод се вика Зоран Заев.

Дека цел случај ќе биде фарса се виде уште на самиот почеток кога Русковска им даде доволно време на обвинетите заедно со Заев да ги бришат доказите и да влијаат врз сведоците само за да не се дознае вистината.

Вистината и правдата ќе ги видиме кога оваа криминално рекетарска банда на чело со СДСМ и Зоран Заев ќе замине од власт.

Граѓаните на Република Македонија ќе ја дознаат вистината и ќе ја видат правдата после 12 април кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и ќе започне обновата на Македонија.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...