Филипче фатен во лага, владината Малмед тврди дека уништениот инсулин е без недостатоци, потребна е кривична одговорност

Интегрален текст од прес конференција на Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Аферата со уништување на инсулин покажува дека се фатени живи во сомнеж за постоење на криминал.

Документите несомнено покажуваат дека уништен е инсулин со валиден рок на траење. А, сето ова отвора простор за кривично гонење од основното јавно обвинителство.

Аргументите на министерството за здравство се лажни и неуверливи.

Јавно ги повикуваме да го објават датумот кога уништениот инсулин е набавен. Ако се знае дека нема инсулин со рок на траење поголем од две години, а уништениот имал рок на траење уште 6 месеци, јасно е дека инсулинот е набавен во време на оваа власт.

Дополнително министерството за здравство нема никакво образложение за причините зошто тој инсулин го прогласува за сомнителен.

Напротив ова е известување на Aгенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) од октомври 2017-та година, што покажува дека е направена анализа на инсулинот при што констатирала дека инсулинот е во одлична состојба и не се најдени никакви недостатоци.

Го повикувам Венко Филипче да каже кога е произведен инсулинот кој беше уништен, а беше со рок до 6-ти односно до 7-ми месец 2020 година.

Ова известување на Агенцијата покажува дека Венко Филипче лаже кога тврди дека порано е набавуван инсулин со сомнителен квалитет. Ова не непобитен доказ дека е уништен здрав инсулин.

Ова отвора сомнеж дека владата и Филипче уништиле здрав инсулин за да има нов тендер каде добитник ќе биде компанија блиска до власта.

Филипче треба кривично да одговара за овој скандал.

Прашање: Дали ќе реагирате до надлежните институции, до Јавното Обвинителство?

Одговор: Јавното Обвинителство би требало да реагира согласно нивните обврски, да реагира по допрен глас. Да реагира по се што е укажано од ВМРО-ДПМНЕ досега неколку пати го има посочено Јавното Обвинителство како место каде што се закочува правото и правдата и се отвора сомнеж за правната држава во оваа земја. Злоупотреба на службена должност не е само се сработи нешто туку и непостапување е кршење на службената должност во Јавното Обвинителство. Чекаме одговор од Венко Филипче, а чекаме и реакција од Јавното Обвинителство да го испита случајот.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....