Нервозата во СДСМ поради анкетата е резултат од стравот поради поразот кој им претстои на 12 април

Ја разбираме нервозата во СДСМ поради анкетата. Тоа е резултат од стравот поради поразот кој им претстои.

Впрочем и нивните анкети покажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ. А најдобрата анкета следи на 12 април кога граѓаните ќе ги поразат СДСМ, Шекеринска и Заев и ќе ги испратат во политичка пензија.

Народот ќе ги казни поради Рекет, аферата Леонардо, за тендерите на Анѓушев, концесиите со марихуаната и ископ на глина на кланот Заеви, крвавите тендери во здравството на Филипче од 35 милиони евра, Фондот за криминални иновации во кој сами на своите функционери си доделуваа грантови,  скандалот со хеликоптерите на Рашковски и Заев од 72 милиони евра, Рекет 2, поради камионите на Вице кои возат во РЕК Битола, најголемиот скандал со непотизам како и поради најновата афера Кеш во која гледаме како организирано се ограбувал буџетот и се ограбувале милиони евра на граѓаните.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.