Јанушев со одговор на Заев за знамето: Ти поплука и се испогани на сите жртви чии идеали беа слободна, независна и суверена Македонија

Зоран Заев се пофали дека тој овозможил Македонското знаме гордо да се вее во НАТО. Колку самобендисана изјава. Кажана лично од главниот фабрикант на лажни вести во Македонија, истакна Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев треба да знае дека македонското знаме гордо се вее поради саможртвата на гемиџиите, на војводите и комитите, на Илинденците кои ја создадоа Крушевската Република. Поради идеалите на Гоце Делчев, Дамјан Груев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Никола Карев, Димитар Беровски и илјадниците Македонци, револуционери и дејци, кои ги положија животите за независност и ослободување на Македонија. Гордо се вее знамето македонско поради партизанската епопеја на АСНОМ, на Македонците кои ги удрија темелите на современата македонска држава, поради Страшо Пинџур, Кузман Јосифовски Питу, поради Ченто, Коста Солев Рацин и илјадници знајни и незнајни македонски револуционери, кои не се штедеа во борбата за Македонија. Знамето се вее поради Македонскиот народ и граѓаните на Македонија, кои на 8-ми Септември 1991 година, на единствениот успешен државен референдум, изгласаа независност и сувереност на Република Македонија. И поради секој жив горд Македонец, чесен и честит, кој си ја сака и почитува својата татковина, напиша Јанушев на Фејсбук и додаде:

„А ти, Заев, што направи? Поплука на се ова, се испогани на сите жртви чии идеали беа слободна, независна и суверена Македонија. Ти тргуваш како на пазар со жртвите на сите кои гинеле за Македонија. Ти, Заев, го раскрчмуваш тоа што Македонците со векови го граделе, она за кое наместо за мотика, се фаќале за пушка, она за кое ги напуштале своите најмили, за кое и животите свои ги дале. Ти, Заев, имаш најмалку право од сите да кажеш дека поради тебе гордо се вее македонското знаме. Тоа што си забегал во градењето на култ за себе, Заев, ќе пукне како меур од сапуница на следните избори. После тој ден, сите, па и тие кои сега ти аплаудираат и те потчукнуваат по рамо, ќе се срамат од тебе и ќе се обидуваат да го заборават ова твое тоталитарно владеење, засилено со “силување“ на сѐ она што значи МАКЕДОНИЈА. Ќе кажуваат дека само од телевизија те знаеле. Времето ти помина, Заев. А, времето на македонскиот народ и на МАКЕДОНИЈА ќе остане вечно.
П.С. – Слава му на Свети Климент, охридскиот чудотворец, кој го описменувал Македонскиот народ“.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...