Нема крај на лагите на Заев и СДСМ!

Почитувани,

Нема крај на лагите на Заев! Денес на прес конференција повторно имавме фалби за блескање во енергетиката и „шампиони“. Исто така повторно без срам премиерот кажа дека имаме најниска цена на струјата во Европа.

Сакаме да го потсетиме премиерот дека од официјалната страна на EUROSTAT STATISTICS јасно се гледа дека пониска цена на струјата од Македонија имаат  и Србија, Косово и Украина.

Понатаму околу тоа дека струјата почнала да опаѓа од кога СДСМ дошла на власт, би сакале да му укажеме дека  трендот на намалување на цената на струјата е почнат уште во времето на ВМРО:

2015

-0,33

2016

-0,25

2017

-0,25

2018

-0,1

Околу блескањето како и тоа дека сме шампиони во енергетиката би сакале да го запрашаме:после сите овие прекини со напојување со електрична енергија во градот Скопје, како тоа блескаме со половина град во темница?

Ваков „напредок“ во енергетиката, на почеток од 21 век не е својствен дури ни за земјите со граѓански војни, немири, социјални пореметувања. Единствено полоша од нас е можеби Венецуела каде пред неколку месеци имаше распад на електроенергетскиот систем!

Потоа имавме пофалби за склучен  Договор за изградба на фотонапонска централа од 10 MW на местото од ТЕЦ Осломеј. Висината  на инвестицијата изнесува околу 7 милиони евра, од кои 5,9 милиони евра е земен кредит од ЕБРД- нешто што секако граѓаните на Република Македонија ќе мора да враќаат во иднина.

Секако инвестирањето во обновливи извори на електрична енергија е важно, но пред се да не се заборави фактот дека постоечката термоцентрала Осломеј има инсталирана снага од 120 MW, што значи дека уште најмалку 10 вакви фотонапонски централи се потребни за да се задоволи конзумот на ТЕЦ Осломеј. Ова воопшто не е некоја значителна моќност за нашиот електроенергетски систем, туку повеќе нечија предизборна промоција на обновливите извори.

Би сакале да го запрашаме премиерот дали неговите експерти по енергетика го известиле дека ова значи дека новата фотонапонска централа ќе мора 10 години да произведува струја само да се вратат оние 7 милиони евра без никаква друга заработка, ако произведената струја се продаде по цена околу 50 евра/MWh. Ако пак  се направи истата пресметка со цена на продажба на произведената електрична енергија од 34,5 евра/MWh тогаш истото ќе се случи за 15 години.

Исто така би сакале да го запрашаме дали е запознаен со следното:Државната компанија АД ЕСМ  ја продава ја својата енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ по цена од 34,5 евра/MWh, што е далеку од рентабилно работење и покривање на трошоците преку цената. Доколку оваа енергија се продадеше по пазарни цени на берзата на електрична енергија АД ЕСМ ќе заработеше 86 милиони евра повеќе. Имено, минатогодишното производство на АД ЕСМ било околу 4.300.000 MWh, при што ако  80 % од тоа производство се продало по 34,5 евра/MWh и ако се знае дека берзанската цена во моментот се движи околу 60 евра/MWh, тогаш разликата од околу 25 евра/MWh заради поевтината продажба на АД ЕСМ ǔ носи загуба од околу 86 милиони евра.

Понатаму, дали премиерот кој се фалеше за новите тендери за изградба на фотоволтаични постројки со премиуми, знае дека снабдувачот кој ќе ја откупува струјата од овие инвеститори, т.н. off-taker воопшто не е пропишан  во Законот за енергетика , Правилникот за обновливи извори и сите други подзаконски акти поврзани со оваа проблематика? На успешно спроведениот тендер во септември и аукцијата во октомври годинава победи компанијата Енерџи Деливери Солушнс ЕДС ДООЕЛ Скопје. Повластените производители на електрична енергија од сонце ќе добијат премиум тарифа според тендерот ( од 0,01 евро), а цената по која ќе им се откупи струјата е онаа на берзата на  HUPX, секако намалена за рабатот од 9,55 % и трошоците за балансирање, кои и не се така ниски.

Околу ветерните централи,  дали Заев знае дека за само две години од доаѓањето на власт, владата на СДСМ успеа да протурка големи енергетски проекти на фирми блиски до власта на различни локации за 70 MW ветерници, а во наредниот период на повидок е и нов план за дополнителни локации за 40 MW ветерници. Тие ниту се спроведуваат во тендерска постапка, односно важи принципот прв дојден прв услужен, ниту пак се баласно одговорни, односно операторот на пазарот на електрична енергија ја превзема нивната балансна одговорност и истата преку сметките за електрична енергија ја проследува на сите потрошувачи на електрична енергија во Република Македонија. Ако се соберат сите овие бизниси од досега доделените локации, приходот од нив би изнесувал околу 30 милиони евра на годишно ниво, што ветува нов успешен „бонбона“ бизнис.

На крај после сите тие пофалби за инсталирани сончеви панели на детски градинки, пречистителни станици за вода и слично, за енергетската политика на оваа Влада може да се заклучи следното:

Наместо изградба на нови енергетски капацитети во земјата, како и одржување и реконструкција на постоечките кои се дотрајани, партијата што е на власт секојдневно ги полни најголемите и најважни енергетски компании со партиски послушници. Доказ за тоа се големиот број на  огласи за нови вработувања во МЕПСО, АД ЕСМ, Регулаторната комисија за енергетика, па дури и ТЕЦ Неготино. Најголем дел од овие вработувања се за партиските војници на СДСМ, без оглед на нивното образование и стручност.

Единствено не се знае  до кога АД ЕСМ и МЕПСО ќе можат да ја издржат  оваа енергетска „авантура“ на сегашната Влада, во која најзаслужен е секако вицепремиерот задолжен за економски прашања, како основен креатор на енергетските политики на Владата во заминување!

 

Со почит,
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ 

 

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.