Мерките за спортски работници со кои СДСМ се фали се донесени во време на ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Наумче Мојсовски

СДСМ три години отспаа кога станува збор за спортот и спортските работници. Сега во стилот на измамникот Заев да им текна да ги лажат спортистите и да им ветуваат се и сешто.

Сите мерки со кои се фалат се донесени во време на владите на ВМРО-ДПМНЕ. Тие сами не донесоа ниту една мерка.

Цели три години не е изграден ниту еден базен или позначаен спортски објект. Нема нови сали, ниту стадиони.

Сите спортски успеси кои се направени се благодарение на инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ во спортот И грижата што ја имаа спортистите во минатото.

Како и би имало некаков резултат на спортско поле кога за развој на спортот се ,,грижат” еден историчар и еден економист!?

Негрижата за спортот завршува на 12 април кога СДСМ и нивните деструктивни идеи ќе бидат поразени од граѓаните

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.