Менкиноски: Јавното обвинителство работи партизирано и е фокусирано на програмата за избори на СДСМ

Адвокатот Тони Менкиноски во вчерашната емисија “24 Анализа” околу она што денеска беше актуелно за долгот на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори во висина од околу 400 илјади евра што го отвори скопското јавно обвинителство потенцираше дека ЈО наместо да си ја работи работата и да си ги решава предметите кои што граѓаните очекуваат да се решат, обвинителството работи во името на СДСМ.

-Многу интересно. Јавното обвинителство очигледно работи партизирано и сега се фокусира на програмата за избори на СДСМ, па отвора истраги и предистраги. Првата грешка која треба да ја кажеме е и која не смее ЈО да ја стори е претпоставката за невиност, не смее да објавува информации од ваков тип во јавноста. Значи треба да ја почитува строго претпоставката за невиност. А втората работа што сакам да ја потенцирам е ЈО да почне да си ја работи работата внатре во обвинителството, оти 50 посто од предметите ги отфрла и не ги работи, а граѓаните имаат потреба од оваа институција да функционира. Имено, ние направивме анализа на сите јавни обвинителства, но иако тоа е работа на Министерството за правда, ние тоа го направивме како комисија и согласно на таа анализа ние дојдовме до страшни и фрапантни податоци според кои ЈО наместо да ги гони сторителите на кривични дела во РМ последниве 3 години, спие во зимски сон. 50 отсто отфрлање на кривични пријави, фокусирано е на политички случаји, нема конфискација на имот, многу ретко некаде е побарано, и зошто постои тоа ЈО ако на тој осуден не му се одземе противимотната корист. Така да не ме чуди ваквата кампања на предистраги и истраги и тоа нема да се сопре ни во наредниот период, но граѓаните многу добро знаат да ја оценат, рече Менкиноски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...