Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со огромна разлика, тоа го покажуваат и анкетите на СДСМ

Ќе имаме огромна победа со огромна разлика. Буквално секој рејтинг, секоја анкета го кажува тоа. Овој период од неколку месеци сме буквално во по неколку различни града и населени места во Македонија, се оди во таа насока. И пилињата на гранките го знаат тоа, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во „Само интервју“ на Канал 5.

Јанушев посочи дека дури и анкетите кои СДСМ ги прави се во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Додаде дека партијата е реорганизирана во секој сегмент, целата структура е возобновена и спремни се на победа како никогаш досега.

-Со секој наш настан, со секое наше појавување, со секој наш гест со се она што го правиме, дали во претседателската кампања, дали претходно или сега покажуваме на кој начин ќе делуваме. Знам дека хендикеп е тоа што нема доволно време бидејќи не се поминати ни две години на раководството на партијата. Во целиот период се случија мал милион настани кои што не се случиле од независноста од сега. Меѓутоа ова време како изминува, граѓаните ја препознаваат нашата искреност, нашиот чесен пристап и принципиелност, истакна Јанушев.

Тој вели дека од друга страна се што се случува кај власта во изминативе три години откако Заев е премиер освен криминал корупција и рекетирање нема друго, дека розевите очила повеќе не поминуваат.

-Го слушам денеска како преговарале со 6 странски инвестиции. Дали мислите дека има некој кој верува во тоа, розевите очила не поминуваат, не ја слушнавте вчера баба Перса од Волково? Не го видовте денеска граѓанинот кој што разговараше со Петре Шилегов?, заклучи Јанушев

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...