Јанушев: Јас сум Македонец од Република Македонија кој говори македонски јазик

Во вечерашното гостување во емисијата„ Само интервју“ генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за Договор од Преспа односно капитулантскиот договор при што истакна дека со тој договор, Република Македонија го промени своето име и придонесе за газење на македонскиот идентитет и јазик.

-Не може никој да ми забрани, да го негира тоа јас како се осеќам во однос на тој договор каде што имаме не само променето Уставно име на државата, каде што имаме буквално газење на целиот македонски идентитет и јазик. Јас сум Игор Јанушев, јас сум Македонец од Република Македонија кој говори македонски јазик, истакна генералниот секретар Јанушев.

Имено Јанушев во своето гостување го додаде и следното:

„Aко ние се бориме за демократија, за секој да си го каже сопственото мислење и став значи јас како Игор Јанушев и како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ дозволете да не го прифатам тоа. Тоа со членството во НАТО, со аспирациите на државата, што се треба во иднина да се случува во државата е нешто сосема друго, и ние овие три години имама девастација на македонското општество во секоја пора“.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.