Димовски:Власта и парламентарното мнозинство на СДСМ да не го злоупотребуваат Собранието

Интегрален текст од изјава за медиуми – Илија Димовски, пратеник на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Собранието на Република Македонија за жал стана нотар на Владата без можност за никаква длабинска и сериозна дебата, анализа, без мислење на стручната јавност, со драстичен број на намалени јавни расправи и без одржување на било каква надзорна расправа во рамките на надлежностите на Собранието.

Само во изминативе три дена во Собранието на Република Македонија пристигнаа 41 предлог закон од кои повеќето по скратена постапка, а во рамките на веќе закажаната 123 седница на Собранието која што треба да се одржи во среда вкупно на дневен ред во рамките на една седница се ставени 79 различни закони, од кои пак најголемиот дел се од економската и финансиската сфера во Република Македонија.

За овие закони нема да има јавни расправи и за овие закони пратениците нема да имаат можност за длабинска анализа, консултации и за сериозен приод.

Како никогаш досега во Собранието се штанцаат закони кои што единствена цел имаат СДСМ во текот на предизборниот период да купува гласови на еден крајно низок начин, да врши уцени кон бизнисмени и манипулации со граѓаните.

За да бидат фактите уште повеќе поразителни сакам да ве известам дека во овој мандатен период од вкупно 425 закони кои што се влезени во процедура, 232 се по скратена постапка односно 55% од законите во овој мандатен период се по скратена постапка.

Сите добро ги памтите критиките на СДСМ за претходните мандати на Собранието кога бројот на скратени постапки во Собранието се движеше од 20 до 30%. Сега, 55% од законите кои што ова Собрание ги донело се по скратена постапка.

Многу пати сме реагирале на ваквата злоупотреба на скратената постапка но гледаме дека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува со ваквиот начин на самоволно водење на Собранието.

На овој начин не се овозможува, посебно во период кока се разгледува буџетот на државата и кога во процедура се закони кои што имаат малку поголемо реформско значење, не се овозможува на пратениците доволно временски период да бидат во консултации со стручната јавност но и темелно да пристапат кон работите.

Нашата пратеничка група е посветена на обврските кои што ги има во Собранието и адекватно одговара со многу голем број на амандмани кон овие закони но би сакале да предупредиме дека во следниот период од 15 односно 20 дена овие закони, посебно од економската и финансиската сфера ќе треба да се донесат, да стапат во сила и да се применуваат од 1 јануари.

Поголем проблем е тоа што сите компании во Република Македонија односно стопански субјекти ќе немаат можност адекватно да се запознаат со содржината на новите закони кои што Владата ги предлага.

Дополнително владејачкото мнозинство дополнително работи на заобиколување на процедурите во Собранието. Покрај скратената постапка, и кога треба и кога нетреба го вметнува и знаменцето на Европската Унија со што трпи сериозни критики и од амбасадорите на европските држави во Македонија.

Исто така сме сведоци на голем број на избрзани и неквалитетно изработени закони кои што потоа самата Влада или парламентарното мнозинство ги враќа во процедура, а имаат далекусежни последици за целокупното општество.

Затоа апелираме уште еднаш до парламентарното мнозинство предводено од СДСМ да не го злоупотребува овој период од преостанати дваесетина дена до истекот на мандатот на оваа Влада, да не ја силува работата во Собранието и да дозволи сите процедури и сите постапки да се движат во нормален тек. Да има простор и за јавна расправа, да има простор и за консултација со стручната јавност.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...