Власта и ЈО се уште ги нема суспендирано обвинителите и полициските службеници кои земале илјадници евра од сметката на СЈО

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Институцијата со чија помош беше извршен милионски рекет и од чија што сметка беа исплаќани милионски суми на лица блиски до власта, лицата одговорни за прогонот врз опозицијата и политичките неистомисленици на Зоран Заев, денеска се спасуваат со обид на власта на мала врата целосно да се претопат во ЈО.

ЈО на Љубомир Јовески наместо истраги кон СЈО денеска целосно сака да го преземе СЈО, онака како му е наметнато од власта.

И сето тоа да помине без одговорност за аферата КЕШ, да нема одговорност за незаконското работење, нема одговорност за расипничкото трошење на милионите пари од буџетот, а и сето тоа да заврши без резултат.

Почитувани,

Власта и ЈО се уште ги нема суспендирано обвинителите и полициските службеници кои земале илјадници евра од сметката на СЈО. И покрај излегувањето на аферата КЕШ во јавноста власта не презема конкретни чекори за милионската афера. Наместо одговорност денеска во Собранието, владата пушта предлог закон со кој што СЈО преоѓа кај молчаливиот РЈО Љубомир Јовески.

Статусот на вработените во СЈО требаше да се реши со нов закон за јавно обвинителската сфера.

Ова е гол обид на Власта вака да ги спасува роднините и блиските на СДСМ непотистички вработени во СЈО.  Власта на овој начин сака да го премости носењето закон за ЈО сфера еден од условите за датум, на начин без опозицијата, без консензус, без договор, без прифаќање на 4те постулати за кои веќе ги прифатија а беа поднесени од страна на опозицијата како дел на новиот закон за ЈО сфера по теркот на светските норми.

Очекуваме одговорност за сите инволвирани во незаконските и расипнички дејствија во изминатиот период од СЈО. Доколку тоа не се случи сега, со сигурност ќе се случи по 12 април, кога со Обновата ќе се врати и правната држава.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....