Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Што ќе им порачате на граѓаните?

Одговор: На граѓаните ќе им порачам  дека и покрај сите овие порази, неуспеси што се случуваат во овие три години од власт Зоран Заев и СДСМ, го гледавте вчера како шета и гази дебели, црвени персијански килими во Бакингемска палата и се симна овдека во реалноста, во Волково каде што уште еднашка се обиде да ги изманипулира и лаже жителите на Ѓорче Петров, на Скопје, на Македонија дека еве они работеле, они блескале, ќе се изречам со речникот на Зоран Заев, но за жал реалноста не е како што се оние црвени дебели персиски килими во Бакингемска палата, туку овдека луѓето живеат, мизеруваат и во 21 век ги немаат основните услови за живот, немаат канализација, немаат пристојно снабдување со вода до своите домови, така што можеше да ја види реалноста која што ќе ја остави позади себе на 12 април, но ќе повторам ВМРО-ДПМНЕ е тука, ВМРО-ДПМНЕ е тука да ги охрабри граѓаните да не ја губат надежта, да не ја губат вербата затоа што најдобрите времиња за Македонија и за граѓаните на Македонија допрва доаѓаат. Она кое што можам да го ветам не само овде во Ѓорче, туку секаде онаму каде што ги посетивме оние градови, села за време на овие теренски активности под мотото „Обнова на Македонија“ е дека ВМРО-ДПМНЕ има план, ВМРО-ДПМНЕ знае каде ќе оди Македонија во следните години и ВМРО-ДПМНЕ знае да направи успешна Македонија, затоа ве молам не ја губете надежта, ова несреќна епизода наречена СДСМ и Зоран Заев завршува на 12 април 2020, најдоброто допрва доаѓа за Македонија и граѓаните на  Македонија.

Прашање: Кој е Вашиот коментар за влегувањето на полицијата во фирмите на Орце Камчев?

Одговор: Партијата нема должничко доверителски односи со компаниите кои што беа споменати денеска во медиумите. Претпоставувам дека ова е дел од начинот на функционирање на СДСМ, Зоран Заев, Оливер Спасовски и останатите. Но месеци не делат од изборите свесни се и исплашени се од поразот, единствен начин како тој пораз да го ублажат според нив е на ваков насилен и брутален начин да го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за нешто што ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е виновно. Напротив туку тоа е еден нормален начин на реализирање на активности за време на кампања без разлика дали станува збор за претседателски, парламентарни избори или пак локални избори. Ќе ве потсетам партијата ВМРО-ДПМНЕ во овој момент има се уште замрзнат имот, нелегално замрзнат имот и како резултат на случај кој што поткренал обвинение после рокот. На начин на кој што е пренесен тој случај од онаа лулка на корупцијата наречена СЈО во ЈО каде што седат слугите на Заев и каде што ние до ден денеска имаме замрзнат имот и како политичка партија не можеме нормално и пристојно да функционираме. Ни на тој начин и со замрзнат имот, и со измислени акции и со навреди, и со клевети и со сето она кое што следува најпрвин на 3-ти јануари и потоа на 12-ти април Зоран Заев, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и останатите ќе се соочат со вистинската вистина, а тоа е огромен пораз кој што следува на предвремените парламентарни избори. Они нека продолжат, нека монтираат, нека измислуваат, нека притискаат, нека не ја говорат вистината. ВМРО-ДПМНЕ е со народот. ВМРО-ДПМНЕ е во народот. И ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник и историски победник на предвремените парламентарни избори на 12-ти април. Но ќе ја искористам и оваа прилика еве од овде од вмровско Ѓорче да им порачам дека на 13-ти доаѓа и одговорноста. Има да одговараат за сето она кое што го направија во овие три години, но со вистински докази и со транспарентни судски процеси. Не вакви шверцерски какви што они ги прават. Така што тука сме тепајте, лажете, измислувајте, викајте ние ќе издржиме и ќе ве победиме вакви какви што сме, а после 13 бидете подготвени за одговорност.

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...