По 7 дена замајување на јавноста со измислена тема, СДСМ донесе заклучок дека нема потреба од автентично толкување на членот 11 од законот за помилување

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Оваа вонредна прес конференција ја свикуваме затоа што владата на аболицираниот Зоран Заев свика вонредна седница на која што на вонредна владина седница се расправаше за една измислена тема носење на автентично толкување на членот 11 од законот за помилување кој што е донесен 1993 година.

Седум дена владата на аболицираниот Заев ја замајува јавноста со измислена тема која што имаше за цел да ги покрие нивните неуспеси во економијата, во корупцијата, во правосудството, во животната средина, во здравство и во се друго, а, граѓаните да се занимаваат за нешто што било или не било пред три, пет или дваесет и пет години.

Апсурдот да биде поголем оваа правна неписменост на Владата на аболицираниот премиер Заев заврши со Комисија за законодавно правни прашања во која што мнозинство има владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ, кои што замислете донесоа заклучок дека нема потреба од автентично толкување на членот 11 од законот за помилување, бидејќи таков член воопшто не постоел.

Една недела министерството за правда тврди дека мора да има автентично толкување, една недела портпаролот на партијата на аболицираниот Заев држи прес конференции и повикува дека опозицијата мора да гласа за автентично толкување. За на крајот самата Комисија да заклучи дека нема потреба од автентично толкување на член кој што не постои.

Зошто е ваквиот исход на СДСМ и нивните коалициони партнери затоа што во последен момент станаа свесни дека опозицијата нема да се однесува на начин што ќе им овозможи тие да прават некакви изговори. И второ затоа што сфатија дека доколку Комисијата и Собранието донесат автентично мислење и толкување дека членот 11од законот за помилување не постои тој автоматски ќе мора да стане составен дел односно да се избрише од законот за помилување од 93-та година наваму. И тоа значи дека единствениот политичар корисник на членот 11 за помилување премиерот Заев ќе немаше помилување и случајот „Глобал“ кога беше помилуван 2008 година ќе мораше повторно да се отвори.

СДСМ влезе во една стапица повикувајќи ја цела јавност дека мора да се донесе автентично толкување на членот 11, за да на крајот видат дека и министерката Дескоска и премиерот во заминување Заев се правно неписмени и да ги примораат нивните пратеници да не донесат заклучок и да не се изјаснат за членот 11 кој што не постои, а ја замараат јавноста една недела со овој измислен член.

Затоа би сакал уште еднаш да напоменам дека Владата и парламентарното мнозинство очигледно е дека немаат добра координација. И со оваа влада не само граѓаните, туку целиот политички систем живее во една правна несигурност. Која што за жал е промовирана од министерството за правда.

После ваквото фијаско и конфузија во правните состојби и закони сметаме дека СДСМ и аболицираниот премиер Заев е корисно да одговорат на прашањата кои што не им се омилени.

Зошто Зоран Заев не прифаќа иницијатива да се донесе закон во кој што аболицирани политичари нема да можат во иднина да се занимаваат со политика или со вршење на јавна дејност?

Зошто Зоран Заев избегнува да се измени законот за помилување каде што на било кој политичар ниту сега, ниту во иднина нема да може да му се даде помилување?

И зошто Зоран Заев не го прифаќа принципот на измени во Изборниот законик тој кој што ќе биде кандидат за мандатар на новата Влада, да не биде и кандидат за пратеник?

Затоа што, тој што ќе обеди ќе формира Влада, а оној кој што ќе изгуби нема да може да се крие зад пратеничкиот имунитет доколку носи било каква одговорност.

Сметаме дека на овие прашања Заев треба да одговори, му остануваат уште триесет дена. Помина многу време од ова неспособно владеење на владата на аболицираниот Зоран Заев, ќе поминат уште 30 дена и ќе си честитаме Нова година со „Збогум Заев и никогаш повеќе“.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....