Одговори на новинарски прашања на Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Господине Милошоски како ќе го коментирате писмото на Рената Дескоска до судиите во кое што таа им порачува како треба да судат, да постапуваат во судски предмети, нели е тоа притисок врз судството?

Одговор: Моето мислење е следно. Доколку во Сојузна Република Германија или во Австрија или во Холандија било кој министер за правда прати писмо до судиите во кои што им укажувуа кои се правните последици и санкции и дисциплиснки мерки при евентуално непостапување тоа ќе му биде последното писмо во неговата кариера. Во Македонија не се такви околностите, но сепак мислам дека ова писмо ќе биде едно од последните писма на министерката за правда Дескоска којашто се обидува на овој начин да го покрие неуспехот во правните реформи во правосудството за којшто министерката Дескоска и Зоран Заев тврдеа дека го отвориле како пупка. Ќе ве потсетам во мај 2018-та година, Зоран Заев на национален медиум излезе и кажа дека е задоволен од реформите во судството од резултатите и дека судството го отворил како пупка, а министерката Дескоска денес им се обраќа на сите судии и тврди дека таа пупка не била пупка. Сметам дека ваквото контрадикторно однесување или е резултат на неусогласеност на мислењето на Заев и мислењето на Дексоска, можеби има фракции и крила или се работи за еден обид на еден ефтин начин со едно писмо да се покрие неуспехот за правни реформи и стандарди во изминатите три години.

Прашање: Ваш коментар за изјавата од обраќањето на господинот Зоран Заев во кое што ги етикетира судиите како криминалци без притоа да прикаже било какви докази?

Одговор: Јас би имал контра прашање дали премиерот Заев го смета за криминалец суудечкиот совет кој што него го ослободи во случајот „Поткуп“. Зошто не ја видовме целата снимка којашто е на легален начин обезбедена со ПИ-мерки каде што Заев бара поткуп и дали смета дека господинот Џолев кој што направи смена на судиите на сред случај е криминалец како што Заев тврди за мнозинството судии.

Прашање: Во однос на автентичното толкување на оваа предлог одлука којашто е изгласана во Комисијата, а беше подржана и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, може ли едно објаснување зошто ја поддржавте ако не се согласувате со ваквата предлог одлука и нели како понатаму има пленарна седница?

Одговор: Значи повторно ќе кажам, не сакавме со ни еден потег, ниту со збор ниту со говор ниту со начин на гласање да дадеме било каков изговор на аболицираниот премиер Заев да тврди дека за граѓаните се побитни настаните од пред три, пет или десет години. Сакавме самите како владејачко мнозинство и влада да влезат во која што една недела ја дигаа како вештачка тема. Тоа беше нашиот пристап и мислам дека беше соодветен. Инаку, доколку ме прашате како правник, како понатаму, сметам дека Уставниот суд за да избегне било каква политизација во една очигледно поларизирана клима, предизборна во Република Македонија најдобро е да го искористи механизмот „amicus curiae“. Тоа значи пријателска препорака или совет од пријател кој што постои при Венецијанската Комисија и каде што Уставните судови имаат право да се обратат и да побараат пријателско правно мислење за одредена тема. Во 2016 година, Уставниот суд на соседна Албанија, во октомври месец, 28 октомври месец, испрати такво писмо за „amicus curiae“ или пријателско мислење од Венецијанската Комисија по однос на предлог законот за ветинг во соседна Албанија и на 10 декември го доби мислењето од Венецијанската Комисија. Што значи дека овој инструмент на највисокото европско правно експертско тело Венецијанската Комисија не трае предолго. Уставниот суд за било кое прашање во Република Македонија без разлика дали е политички актуелно или не, може да се обрати до Венецијанската Комисија за „amicus curiaе“ и да добие правен совет.

Прашање: Зошто следува оваа прес конференција по законодавно правната комисија, немаше ли да биде поконструктивно пратеници од ВМРО-ДПМНЕ таму да го изнесат тоа кое што вие го изнесувате на оваа прес конференција?

Одговор: Најдобро е на оние кои создаваат вештачка тема и вакви замки за залажување на граѓаните да им дозволите да се фатат во замката кои сами ја поставиле. Оваа вештачка тема за постоечки или непостоечки член 11 на некаква желба на видливи или скриени сили за нечие помилување и отворање на теми стари по три, пет или десет години беше темата која што Владата на помилуваниот премиер Заев ја отвори за да ја покрие својата неспособност надевајќи се дека ВМРО ќе влезе во некаква процедурална битка, некого или нешто да штити или Заев некого од нешто да брани. Не, ние одлучивме апсурдот што сам го започна Заев да го заврши на апсурден начин и да покаже дека тандемот Рената Дескоска и Зоран Заев се промотори на една правна несигурност и имаат комплетна правна неписменост во однос на актуелните прашања поврзани со Уставниот суд.

Прашање: Ја споменавте Венецијанската комисија, денес еден од членовите на Венецијанската комисија, Тања Каракамишева објасни односно го испромовира ставот на Европската Унија дека е против ветингот на судии во Република Македонија, наместо тоа треба да се најдат други модели за да се воспостави ред во судството меѓутоа се начна една нова тема дека се партизира Антикорупциската комисија за да се дисциплинираат судии ќе им се проверува имотот и така ќе се прави таканаречен мек ветинг. Каков е вашиот став по однос на ова?

Одговор: Ќе го истакнам моето лично мислење. Ние во Кривичниот суд во Скопје имаме 60 судии. Во Апелационион суд во Скопје има 20 судии. Тоа не значи дека сите овие судии се нечесни, корумпирани или како што ги нарекува Заев криминалци. Корумпиран е системот затоа што аболицираниот премиер Заев го контролира претседателот на Скопска апелација, го контролира претседателот на Кривичниот суд, го контролира претседателот на Апелација во Штип, го контролира Републичкиот судски совет преку судијката која што е сопруга на неговиот 20 годишен директор на Комуналното претпријатие во Струмица и шеф на изборни кампањи. И преку контролата на пет или десет клучни позиции во најбитните судови тој индиректно го насочува судството преку политички инструменти. Тоа е изворот на неефикасноста или хендикепот со кој судството во најголем дел се соочува. Затоа ние сме за ветинг и прв кој што треба да е отстранет во тој ветинг е аболицираниот премиер Заев.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...