Дали Заев се противи да нема амнестија за политичари, и политичари да не бидат амнестирани зошто сака уште една амнестија за неговите криминали

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Секој ден се потврдува дека пречка за правдата во Македонија е токму Зоран Заев.

Тој е човекот кој посакува уште една амнестија за сите криминали и рекети во оваа државата. Имаме премиер кој се плаши да му се испита потекло на имотот.

Тоа е така зошто Заев е нечесен човек.

Нема друг пример на премиер кој создава подлога за амнестирање и се плаши да му се испита потеклото на имотот.

Стравот е последица на тоа што имаме премиер до гуша заглавен во криминал и корупција.

Фарсата со судењето во РЕКЕТ покажува дека главата на октоподот е сместена во зградата на Илинденска. Имаме признание на очевидец дека судии, обвинители и една министерка од владата на Заев биле гости во домот на еден од обвинетите откако случајот излезе во јавноста. Сега е и сосема јасна нервозата на власта зошто први сакаат да ги прочешлаат и обезбедат доказите од аферата Кеш за да ги покријат траговите кои одат до владата и нејзиниот прв човек.

Почитувани,

Поминаа два дена, ВМРО-ДПМНЕ бара директни одговори од Зоран Заев, без заобиколување:

Дали Заев се плаши и се противи на нашиот предлог да нема амнестија за политичари, и политичари да не бидат амнестирани затоа што тој самиот сака уште една амнестија бидејќи е фатен во тешки криминали?

Дали Заев не сака испитување на потекло на имот, кое ВМРО-ДПМНЕ го предлага, поради фактот што милионите на Заеви немаат оправдување за легалноста со која се стекнати?

И дали Заев со неприфаќањето на предлогот за истакнување на кандидат мандатар и јавно признава дека ќе изгуби на изборите, па не сака да се откаже од пратеничкиот имунитет?

Времето минува, а молкот на Заев потврдува дека имаме премиер што заговара амнестија, се плаши од испитување на потекло на имот, и кој не се откажува од пратенички имунитет зошто така мисли дека нема да одговара пред законите.

Се потврдува дека Заев е лично засегнат и ја држи во криминално заробеништво целата партија.

Јавно го повикуваме, барем еднаш отворено и чесно да каже зошто не ги прифаќа барањата кои ВМРО ДПМНЕ ги предложи.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....