Владата на СДСМ и Заев го понижија трудот и маката на македонскиот земјоделец

 Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Зоран Атанасов

Единствена реформа што ја воведоа Зоран Заев и владата на СДСМ во земјоделството  е понижување на трудот и маката на македонскиот земјоделец.

Заев ги излажа земјоделците. За три години власт на Заев и СДСМ земјоделието го клекнаа на колена.

Наместо ветениот сигурен пласман и високи откупни цени за земјоделските производи, граѓаните добија понижување, сиромаштија и беда. Нивите се се попразни, во селата не останаа луѓе, кои би можеле да бидат корисници на популистичката мерка која ја промовира СДСМ.

За стапката на зголемена сиромаштија говори и бројката, дека околу 500.000 граѓани се на прагот на сиромаштија.

СДСМ и Заев немаат легитимитет да ја водат државата. Потребни се системски решенија кои навистина ќе ги решат проблемите на земјоделците, а со СДСМ, Заев и Димковски тоа не е можно.

Затоа СДСМ и Заев мора да си заминат. На 12 април доаѓа Обнова за Македонија и вистинска грижа за македонскиот земјоделец.

 

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...